Сместен на широка, песочна плажа, хотелот нуди светли, пространи соби, ресторан, бар, интернет, теретана, добра услуга. Во вечерните часови на располагање Ви се најпопуларните ноќни клубови и дискотеки на Халкидики. Битно е да знаете дека хотелот бара 100 еура депозит на пријавување и доколку ништо не се оштети Ви ги враќа на одјавување. Хотелот е комплетно реновиран 2017 година. Оддалечен е 300 m oд центарот на Калитеа. Вкупно се 126 соби: Doubles Standard (~21 m2), Deluxe Doubles GV/SV (~21m2), Premium Deluxe Rooms SV (~21 m2), Suites Deluxe 1-Bedroom SV (~43 m2), Suites Deluxe 2-Bedroom SV (~74 m2). Во собите: клима, фрижидер, мини бар (на барање на лице место), SAT TV, LED TV 32″, телефон, фен, балкон, сеф, Wi-Fi, балкон. Бебешко креветче бесплатно. Сите соби се за непушачи. Дозволено на балкон. Секојдневно чистење соба, промена на постелнина 2 пати неделно. Лежалки и чадори на песочната плажа пред хотелот се наплаќаат, пешкири со депозит. Спа центар со доплата.
*Прилагоден за лица со попречена мобилност