Agionissi Resort е изграден на Амулијани, единствениот остров на Халкидики, на само 15 минути оддалеченост со траект од Светата Гора. Сместен на југоисточната страна на островот, на неколку минути пешачење од плажата Мегали Амос, овој лежерен хотел со 4 ѕвезди нуди велнес и спа центар, медитерански јадења подготвени со свежи локални производи од хотелските градини и регионот, опуштено сместување со исклучителен поглед, како и прекрасна градина за релаксација. Хотелот работи во склоп на „Environmental Friendly Management“, така што го има „зелениот клуч“. Од хотелските содржини издвојуваме: 24-часовна рецепција, мини маркет, надворешен паркинг, бежичен интернет на јавните површини, во собите е со доплата, главен ресторан, а ла карт ресторан, барови, детско игралиште, организирана плажа со лежалки и чадори (со доплата), надворешен базен, засебен базен за деца, теретана, вечерна анимација, билијар, одбојка на плажа, спа центар со доплата, водени спортови со доплата. Собите се опремени со клима уред, ТВ, мини бар, интернет со доплата.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel