АПУЛИЈА

ЛЕТО 2025 - од Софија

АПУЛИЈА (PUGLIA)

Апулија (Puglia) е регија на крајниот југо-исток на Италија, во делот познат и како „петата на апенинската чизма“. Ја красат традицијата, чистото море, вкусната кујна и квалитетните вина. Едниот брег го заплискува Јадранското а другиот Јонското море, и се спојуваат јужно од градот Отранто. Претежно е рамничарска, со мал планински дел на северот.

Главен град е Бари, поделен на стар дел со многубројните споменици и нов дел со живописните плоштади, музеи и ресторани. Стариот дел на Бари го красат многу цркви, како романската базилика Св. Ѓорги, готската катедрала Св. Сабин, тврдината Св. Антонио и музејот на современата уметност, црквата Св. Никола, каде се повеќе од 9 века чуваат моштите на овој светител. Еден од поголемите градови е и Лече (Lecce) кого, поради изобилие на барокните градби често споредуваат со Фиренца. Тука се и остатоците на римско, грчко и австриско наследство.

Првите грчки колонии овде се оформени уште во 7. век п.н.е. со најголем град Таранто. Римјаните го завземаат во 2. век и тогаш го добил денешното име. Доаѓа долг период на упадите на варварските племиња, Логобарди, Сарацени, Византијците и пирати. Со доаѓањето на Норманите во 11. век, трговијата повторно доживува процут. Се до соединување со Италија 1861 година, Апулија била мост помеѓу истокот и западот и арена на битките помеѓу Турците и Венецијанците.

Апулија пред се  ја красат извонредни плажи, некои од нив подсеќаат на Кариби, мали рибарски села (Маргерита ди Савоја, Порто Чезаре, Остуни,  Галиано дел Капо, Санта Чезариа Терме). Околината на Остуни се смета за најубавиот брег во Италија со дури 53 пештери во морето со голема колонија на црвени корали и сунѓери

Алберобело е единствено гратче на светот со куќички (трули) кои наликуваат на капите на џуџињата. Поставени на четвртаста камена основа прекриена со купасти кровови, „трули„ зона од преку 1000 куќи, од кои некои и преку 400 години стари, од 1996 година се под заштита на УНЕСКО.

Матера, град вклесан во варовни карпи, со подземни пештери и лавиринти, под заштита е на УНЕСКО и еден од најнеобичните градови на Италија. Поголем дел од жителите 1950 година се преселени во Нова Матера, но некои сепак останале во куќите на своите претци. Катедрала, црква Св. Јован Крстител, многубројни пештерски цркви, се некои од најпознатите знаменитости на Матера.

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

AKIRIS Resort **** – Apulija, Italija

Базиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во античката атмосфера на античките грчки градови - Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број ...

ЛЕТО 2025

*31.12.24

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

DANAIDE Resort 4* – Puglia

Danaide Resort 4* е сместен во местото Лидо ди Скацано, на 4 км од најблиското гратче Скацано Јонико, каде е и железничка станица. Оддалеченост од Бари е 130 км. Резортот располага со 108 соби ...

ЛЕТО 2025

*31.12.24

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

ARGONAUTI SEA LIFE **** – Apulija, Italija

Argonauti Sea Life Experience 4* e луксузен архитектонски комплекс, со вили и удобни апартмани лоцирани во прекрасно приморско одморалиште, познато по својата бујна медитеранска вегетација, ...

ЛЕТО 2025

*31.12.24

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel