КРАЊСКА ГОРА
Крањска Гора е населба во северозападна Словенија, со околу 1.500 жители. Важен е туристички и зимски спортски центар. Се наоѓа покрај реката Сава Долинка, на тромеѓето помеѓу Словенија, Австрија и Италија.
Околу центарот на старото село изграден е нов, туристички дел од населбата со хотели и апартмани, рекреативни содржини, продавници и жичарници, како и скијачки патеки и мрежа од велосипедски и пешачки патеки.
На Крањска Гора се одржуваат меѓународни скијачки натпревари во алпско скијање во Витранц и скијачки скокови на Планица .