ВРАХОС
Оддалечено е 30 км од Игуменица – Loutsa, односно Vrachos – две места споени со една плажа. Она што освојува на прв поглед е плажата, тиркизното синило на Јонското море никој не го остава рамнодушен. Vrahos настанал на почеток на 80-тите години кога грчите гастарбајтери од соседното село почнале да се враќаат и решиле заработените пари да вложат во туризам. Сите градби се наменети само за туризам и одмор (ресторани, кафетерии, сместувачките капацитети). Сепак, она по што е специфично местото е фактот дека се понекогаш присатни бранови кои можат да бидат и прилично високи, но не се секојдневни, а плажата ја краси ситна песок. Местото е доста изградено но сеуште младо во туристичка смисла и недоволно развиено, па се препорачува на оние кои сакаат мирен одмор и сеуште приступачни цени за сместување. Во местото има една пекарница, продавница на сувенири, неколку кафетерии и таверни по должината на шеталиштето, 3 маркети. Најблизок доктор е во Парга и доаѓа на повик а доколку ви се потребни некои од најосновните лекарства ги има во еден од маркетите. Шеталиштето е убаво со палми и цвеќе и осветлено во вечерните часови.
Главен адут на местото е пространата, преубавата песочната плажа, долга 3.5 km, една од најубавите во Јонскиот регион. Лежалките и чадорите за сонце се користат со конзумација на пијалок. Нема гужва на плажата, дури ни во екот на сезоната. На плажата има и тушеви и кабини за пресоблекување, а температурата на водата е повисока него во Парга. Водата е тиркизно сина, проѕирна и чиста, а плиткиот влез е долг, песокта мека, добро се одржува, a зајдисонцата се преубави. Аква паркот во Канали е оддалечен 25 km. Можете да ги посетите и околните плажи Alonaki Fanariou – оддалечена 5 km, плажа Ligia на 3 km или плажа Kanali оддалечена 20-тина km, плажа Ammoudia е оддалечена околу 15 km а и плажите Skala или Amoni се во близина. Убави се и Ormos Odisseas или Kerentza, (заливот на Одисеј).
Доколку сакате одмор со уживање на преубава плажа, а да обиколите плажи на Лефкада, Парга, Сивота и Превеза, со сигурност нема да се покаете доколку го одберете Врахос за летување.