КОКИНО НЕРО
Кокино Неро e туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима поради единствениот спој и близината на планината и морето. Се наоѓа недалеку од кањонот Темби, во подножјето на планината Оса, на околу 140 km oд Солун. Ова е една од најстарите населби на овие простори, а името (црвена вода) го добило по термалните извори богати со минералните соли, со висок процент на железо, кое и дава специфична црвенкаста боја со лековити карактеристики, поради кои станало популарно уште во почетокот на двaесеттиот век. Ова убаво, колоритно место се наоѓа во ладот на раскошните крошни на платани, костени и јавори, испресечено со поточиња и мостчиња. Покрај прошетките, релаксацијата, сончањето и капењето, можете да се опуштите и во кадите со термална вода. На самиот морски брег се и неколку таверни, ресторани, кафетерии, кои го чинат местото уште посимпатично, идеално за мирен одмор и уживање во недопрената природа и чистото море. Плажата во Кокино Неро е со покрупни камења, но во близина, на само 2-3 км, се уште две убави плажи Platia Ammos и Koutsoupia.