ЗАЛИВ СТРИМОНИКОС

ЛЕТО 2025

ЗАЛИВ СТРИМОНИКОС

Аспровалта, Неа Врасна и Ставрос се наоѓаат во општина Димос Волвис во солунската област. Седиштето на општината е во Ставрос, а главен и најголем град е Аспровалта. Регијата го добила името по езерото Волви, кое се протега скоро долж целата регија. Овие популарни летувалишта се наоѓаат во заливот Стримоникос и ги нарекуваат драгите камења на Македонија. Поради модерната мрежа на сообраќајници и новиот авто пат, лесно се достапни и до нив се стигнува бргу од Македонија. Песочните плажи, скриените ували и чистото море се само дел од богатствата на оваа регија. Позната е по богатството на шумите, зачуваната природа, како и античкото богатство и модерните населби. Оваа област ја чини посебна и близината на Уранополис, планината Атос, античкиот град Стагира, гратчето Амфиполис и неговиот музеј, пештерата Алистратис, која сведочи за животот на ова подрачје уште во палеолит.

 

Близината на Солун од едната и Кавала од другата страна, голем избор на сместувачките капацитети, квалитетните куќи и хотели, гостопримливоста на домаќините и можноста за разни активности, секоја година привлекува се поголем број на туристи. Доколку сакате безгрижен и опуштен одмор, во квалитетен сместувачки капацитет и плажи со сино знаме, оваа регија е правиот избор. 

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

ЛЕТО 2025 - НАСКОРО

ЛЕТО 2025 - НАСКОРО

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel