НЕА КАЛИКРАТИА
Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година, изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа Sahara, надградена со сино знаме за чистота, која нуди одлична забава за младите.