AKS Porto Heli е хотел со 4*, сместен во заливот Порто Хели на источната страна на Пелопонез и на само 185 км од Атина, што е околу 2,5 часа возење. Со преубав поглед кон заливот, полн со катамарани и кон островцето Спецес до кое од хотеслкиот док можете со чамец да го посетите и да уживате во некој од традиционалните таверни. Арголида е позната по неверојатна природна убавина и кристално чисто море, а и по Епидаурус и Нафлион кој задолжително треба да ги посетите. Хотелот е комплетно реновиран, сместен на убава плажа, а од градот го дели само карпа, па е идеален за пријатен и релаксирачки одмор исполнет со многу содржини.
Хотелот е во пријатно опкружување во зеленило, убав ентериер, комфорни соби, панорамски поглед на море.
Вкупно се во понуда 240 соби. Содржини: ресторани, барови, бесплатен интернет, базен, продавници, паркинг, сеф, теретана, лежалки бесплатно, детски базен, клуб и игралиште, пинг понг, пешкири за плажа со депозит. Соби: балкон, фен, фрижидер, клима, сателитска ТВ, телефон, интернет.
*Прилагоден за лица со попречена мобилност
*Dress code важи во сите јавни простории
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel