Мескини – куќата е комплетно реновирана и се наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно.
Располага со 8 апартмани, 4 на високо приземје, 3 на прв кат и еден на приземје. Секој апартман е комплетно реновиран и е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една спална соба во која има еден брачен кревет, само во апартман бр 2 во спалната има два единечени кревети, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до неполни 12 г. или еден возрасен. Апартман бр 4 е со брачен кревет и еден единечен кревет во спална и кревет на спуштање во кујна, на кој можат да спијат две деца до неполни 12 г. или еден возрасен. Користењето на Wi-Fi е вклучено во цена, а клима се доплаќа кај газдите.
Соба бр.1 (високо приземје) 1/2+1 – се наоѓа на високо приземје. Aпартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа и нова маса за ручавање. Од една страна е плакар, а од друга е тоалетот. Спална соба со брачен кревет, со клима и тв. Од тука се излегува на балкон кој има поглед на море.
Соба бр.2 (високо приземје) 1/2+1 – се наоѓа на високо приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа и нова маса за ручавање и голем фрижидер. Десно има плакар, а лево е тоалетот. Спалната е со два единечни кревети со клима и тв. Од собата се излегува на тераса која има поглед на море.
Соба бр. 3 (високо приземје) 1/2+1 – се наоѓа на високо приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа, нова масичка за ручавање и мал фрижидер. Лево има плакар,а десно е толаетот. Спалната е со брачен кревет, клима и тв.
Соба бр.4 (високо приземје) 1/3+1 – се наоѓа на високо приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна, со голем фрижидер и шпорет, во делот од кујната има масичка, софа и фотеља. Десно има плакар, а лево е тоалетот. Собата е со еден брачен кревет и еден единечен. Тераса со поглед према црквичката.
Соба бр. 5 (1 кат) 1/2+1 – се наоѓа на прв кат. Апартманот има комплетно опремена кујна во која има нова масичка за ручавање, нова софа и мал фрижидер. Лево е плакар, десно е тоалетот. Спалната е со брачен кревет. Терасата има поглед на море.
Соба бр. 6 (1 кат) 1/2+1 – се наоѓа на прв кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со нова софа, нова масичка и мал фрижидер. Десно има плакар, лево е тоалетот. Собата има брачен кревет. Терасата има поглед на море.
Соба бр. 7 (1 кат) 1/2+1 – се наоѓа на прв кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со нова софа, нова масичка и голем фрижидер, тоалет и собата има брачен кревет. Терасата има поглед према црквичката.
Соба бр. 8 (приземје – посебен влез) 1/2+1 – се наоѓа на приземје со посебен влез. Комплетно реновиран апартман. Лево е тоалетот и кујничката, комплетно опремена. Собата има брачен кревет и фотеља на спуштање. Терасичката е пред влезот напред.