Hristos House - Siviri, Kassandra

ЛЕТО 2026

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од море

20 метри

Грција

Халкидики>Касандра>Полихроно

10% попуст до 01.02.2026, со 50% уплата и доплата 20 дена пред поаѓање

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќата HRISTOS се наоѓа во центарот на Сивири, на атрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага со двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни апартмани, ориентирани кон југозапад и од терасите со страничен поглед на море ќе уживате во прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани имаат кујна, опремена со основен прибор за јадење, купатило, фен, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената и WI-FI.

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете под 6 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа во агенција;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не презема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Интернетот во куќата е во функција после 01 Јуни
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 15 евра

ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 50 € возрасни (повратен билет), 40 € возрасни (eден правец)
* 40 € деца од 2 – 12 години(повратен билет), 35 € деца од 2 – 12 години(еден правец)
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Можеби ќе Ви се допадне

GREEK PRIDE SEAFRONT Hotel **** – Fourka, Kassandra

MELISSA GOLD COAST – Psakoudia, Sithonia

Hotel TERMAG **** – Jahorina

MIRAGGIO THERMAL SPA Resort ***** – Kanistro, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel