Лето во Шпанија - Коста Брава / автобуски од Македонија

Летување во Љорет де Мар со попатни посети на Ница, Kан, Монако, Монте Карло, Венеција и Верона!

Типот на програма

Автобус
Поаѓање од Македонија

Цена од 579 еур

13 дена / 8 ноќевања

Европа

Италија>Франција>Шпанија

ЛЕТО 2025 – 8 ТЕРМИНА
ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

КОСТА БРАВА – ШПАНИЈА 

ЛЕТО 2025

Пакет аранжман со АВТОБУС.

Термини: 12., 18. јуни * 10., 24. јули * 21., 27. август * 02., 08. септември 2025

 

ПРОГРАМА:

1 ден СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:

Состанок на групата во 12:00ч. Поаѓање во 12:30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО регија:

Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.

Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9 часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Ѓенова, Вентимиља, Ница, Монпеље, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4– 10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Љорет де Мар во претпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони или 6 полни пансиони, по ваш избор.

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, GAME OF TRONS TOUR (GIRONA +FIGUERAS), FLAMENCO SHOW, …

10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10:00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани* во вечерните часови како и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

11 ден АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.

Кан – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска палата и шеталиштето на Палмите – Кроасета.

Се возиме по Наполеоновиот пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.

Ница – Кралица на француската ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”.

Иконскиот хотел Negresko, шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.

Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.

12. ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ – МОНАКО:

Појадок. Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.

Продолжуваме кон гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по палатата на фамилијата Грималди, црквата свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички… Слободно време за индивидуални разгледи. Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати казина.

МОНАКО – СКОПЈЕ: Во попладневните/вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.

13. ДЕН. СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

Цената на аранжманот вклучува:

• Tуристички автобус со клима, ТВ, видео.

6 ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотел во Љорет де Мар.
1 ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).
1 ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
• Сместување и услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.

• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

Задолжително патничко осигурување: (се плаќа во агенција).

– Задолжителна целодневна посета на Верона (10 €)
Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7€ (задолжително, се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).

– Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 € по лице.
• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот.

• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.

Задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ и Верона, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Цената на аранжманот вклучува:

• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.

6 Ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).
1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
• Сместувањеи услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.

• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

• Задолжително патничко осигурување: 650 денари ( се плаќа во агенција).

Задолжителна целодневна посета на Верона ( 10 €)
• Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7€ (задолжително, се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).

Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 € по лице.
• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот.

• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.

Задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ и Верона, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !

НАПОМЕНИ:

Редовната цена на аранжманот после 15 март, е според табелата, на база ноќевање со појадок.
Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
Останатиот износ се плаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
НП – Ноќевање со појадок, ПП – Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
* Магичните фонтани последните 2 години не работат поради рестрикција на вода. Дали во 2025 год ќе работат или не , зависи од одлуката на надлежните.
Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.
Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.

Можеби ќе Ви се допадне

FLOWER House & Bungalows – Toroni, Sithonia

PORTO SCALA Hotel **** – Scala, Kefalonija

VASSO NEW – Sarti, Sithonia

Vila NIRIDES – Sivota, Jonski Breg

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel