Terra Sole House - Ipsos, Corfu

ЛЕТО 2025

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

180 метри

Грција

Острови>Крф

Terra Sole е нова и модерна куќа која располага со двокреветни студија и четворокреветни дуплекс апартмани. Се наоѓа на 180 метри од плажата во Ипсос. Сите сместувачки единици се модерно опремени со мини кујна со основен прибор. Секоја сместувачка единица има сопствена тераса, со поглед на главната улица или на двор. Куќата е покриена со бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира. Клима уред е со доплата на лице место, кај сопствениците.

 

Во цената е вклучено:
• Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
• 7 ноќевања / 8 дена
• Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

Во цената не е вклучено:
Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Туристичка такса 2 евра на ден по сместувачка единица – која се плаќа задолжително со резервација за сопствен превоз или во автобус за пакет аранжман
• Факултативни излети
• Патничко осигурување
• Клима уред

ГАЛЕРИЈА

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 15 евра по лице (административни трошоци)
НАПОМЕНА: Куќите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на улица во близина
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 85 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
• Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
• Дете од 3 до 10 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект (придружувано од двајца возрасни)

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
• Check in во собите е после 16h по грчко време
• Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
• Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
• Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во куќата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
• Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од куќата на последниот ден. Собите треба да се исчистат за да може да се смести групата која доаѓа.
• Куќата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Дополнително ќе бидат објавени

Можеби ќе Ви се допадне

AKRATHOS BEACH Hotel **** – Ouranoupoli, Athos

ISI – Potidea, Kassandra

OLGA & HRISTINA – Golden Beach, Thassos

VLAHOS – Pefkohori, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel