Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место на застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфини, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи, најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек, подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море. Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров, туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете од 0 до неполни 4 години – Бесплатно (спие во кревет со еден од возрасните)
– Дете од 4 до неполни 12 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 12 години, за дете се плаќа цела сума
-Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст
-Во трокреветна соба 4-то возрасно лице на дополнително легло има 30% попуст
– Во Апартман 3-то и 4-то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст
– За „сингл“ соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
НАПОМЕНА:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 4 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест.