АПУЛИЈА – ЛЕТО 2026
АПУЛИЈА – ЛЕТО 2026
Базиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во античката атмосфера на античките грчки градови – Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број археолошки паркови. Ќе уживате во прекрасните медитерански брегови во комбинација со богати борови шуми, покрај прекрасните погледи кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот.
Тоа е регион со богатa традициja, кој нуди кујна со богати вкусови, во кои доминираат уникатните ароми и локални зачини. Областа е позната по своето исклучително високо квалитетно овошје и зеленчук.
Argonauti Greenblue Resort 4* e луксузен архитектонски комплекс, со вили и удобни апартмани лоцирани во прекрасно приморско одморалиште, познато по својата бујна медитеранска вегетација, во комбинација со фина златна песок, на брегот на Јонското Море. Паркот на хотелот е дизајниран од познатиот италијански архитект Луиџи Виети. Карактеристика на комплексот е марината, која е совршена за вечерни прошетки.
Хотелот се наоѓа на пространа територија во јужна Италија, на морскиот брег, на еднакво растојание помеѓу градовите Матера и Таранто, на само 130 километри од меѓународниот аеродром во Бари. Околината на хотелот е дел од природен резерват со притоките на реките Агри и Кавоне, кои се влеваат во Јонското Море, што ја прави прошетката до плажата исклучително пријатна и освежувачка.
Плажата е дел од комплексот, со бесплатни чадори и лежалки за клиентите. За да стигнете до неа, поминувате низ прекрасна, зелена борова шума по уредени патеки или со минибуси, кои сообраќаат во текот на денот. Плажата е долга и широка, со ситна песок и бесплатни чадори и лежалки. Песочната лента е широка 24 метри, во близина на устието на реката Кавоне.
Во понуда се луксузни и удобно опремени апартмани. Секој од нив има тераса или веранда, опкружена со зеленило и цвеќиња. Секој апартман има спална соба и кујна. Вилите се со прекрасно уреден простор помеѓу нив. Сместувањето нуди: тоалет, ТВ, клима уред, опремена кујна.
Гостите на хотелот можат да користат бесплатен Wi-Fi интернет во заедничките простории (рецепција, лоби). На територијата на хотелот има ресторан, бар, амфитеатар, тениски игралишта, фудбалски игралишта, игралишта за кошарка и продавница за сувенири;
Хотелот нуди фантастична кујна, типична за јужна Италија. Готвачот е еден од најдобрите во Италија и сите јадења се подготвуваат со голема вештина и висококвалитетни состојки. Ресторанот е простран, одлично уреден и наместен. Покрај оброците вклучени во цената, има и a la carte мени со извонредни медитерански специјалитети за ручек и вечера, аперитив на терасата на пристаништето, дегустација на вина и земјоделски производи и многу повеќе. Хотелот има мал бар каде што можете да нарачате различни пијалоци.
ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 23.05.2026, 30.05.2026, 06.06.2026, 13.06.2026, 20.06.2026, 29.08.2026, 05.09.2026, 12.09.2026, 19.09.2026
Директен чартер лет од Софија
*Патот до аеродромот во Софија е во Ваша сопствена режија!
Цените за пакет аранжман по лице и се движат (во зависност од терминот) од:
740 еур – 1065 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион +
Максимален капацитет на собата е 4 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 12 год. или 3 возрасни + 1 дете до неполни 12 год.
Цената вклучува:
-авио билет Софија – Бари – Софија
-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см
-аеродромски такси
-7 ноќевања на база полупансион + (со вклучени ¼ л вино и ½ л вода за време на вечерата)
-полудневна екскурзија до Бари
-трансфер на дестинацијата
-претставник за цело време на престојот
Цената не вклучува – задолжителна доплата:
Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
Слушалки за време на излетите 15 еур по лице /3 еур на ден/, деца до 6 год не плаќаат и немаат слушалки
Административна такса за локалниот партнер 5 еур по лице
Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):
Софија – Бари (локално време)
Бари – Софија (локално време)
Трансфер аеродром – хотел – аеродром:
Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.
Услови за резервација:
Цената е валидна за целосна уплата со резервација, во готово или на фактура! За плаќање со картичка банкарска провизија во висина од 2% ја покрива уплаќачот! За делумна уплата од мин. 50% од вкупната сума и доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање сумата се зголемува за 30 еур по лице.
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
31+ денa пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Дополнителна целодневна екскурзија до Остуни и Полињано а Маре – 86 еур за возрасен/ 45 еур за дете до 12 год.
Дополнителна полудневна екскурзија до Матера (УНЕСКО) – 80 еур за возрасен/44 еур за дете до 12 год.
Дополнителна целодневна екскурзија до Алберобело – Локоротондо, со дегустација на домашни ликери и слатки, локално производство – 100 еур за возрасен/56 еур за дете до 12 год.
Дополнителна целодневна екскурзија до Лече и Отранто – 100 еур за возрасен/ 50 еур за дете до 12 години;
Дополнителна целодневна екскурзија до Мартина Франка – 71 еур за возрасен/ 35 еур за дете до 12 години;
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel