Bianco Olympico Beach Resort 4* се наоѓа на 2.5 km од селото Ватопеди, на возвишение над кристално чисто море и непрегледна песочна плажа, со преубав поглед на Егејско море и незаборавни зајдисонца. Опкружен со маслинови дрвја, Bianco Olympico Beach Resort, е одличен избор за одмор, со комбинација на модерно сместување и убава медитеранска и грчка кујна. Поради својата местоположба е одличен избор за појдовна точка и истражување на северниот дел од Ситонија, Метаморфози е на само 4км оддалеченост, Никити 11 км, Вурвуру 27 км. Хотелот нуди: лифт, паркинг, интернет, ресторан, барови, базен, организирана плажа со лежалки и чадори, детски базен, дневна и вечерна анимација, пешкири за плажа со депозит, терени за тенис и кошарка. Dress code е задолжителен за време на оброците. Собите се опремени со: клима уред, балкон, мини бар, сеф, ТВ, интернет.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel