Hotel Olivera се наоѓа во центар на Саримсакли, на шеталиштето покрај плажата. Хотелот има надворешен базен со делот за најмалите, како и бар покрај базенот. Лежалките на плажата се бесплатни за гостите на хотелот. Во понуда е и терен за одбојка на плажа. Ресторан, 2 лифта, бар, лоби бар, ТВ сала, сеф на рецепција, пинг понг, билијар, дискотека, паркинг се исто така во понуда. Бесплатен интернет е достапен во лобито. Собите се комфорни и опремени со балкон, клима уред, ТВ, фен. Двокреветни соби се со брачен и единечен кревет со површина од 22m². Трокреветни имаат брачен и единечен кревет со површина од 30m². Фамилијарните соби се покомфорни. Вкупно се во понуда 90 соби. Услуга е полупансион или се вклучено – самопослужување (појадок, ручек и вечера, претпладневна и послепладневна ужина, турски пијалоци).
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel