ЛУКОВСКА БАЊА
Луковска Бања се наоѓа на југот на Србија, на источните падини на Копаоник, на надморска височина од 681 m и е највисока бања во Србија. Благодарејќи на тоа што е опкружена со планини има блага и умерена клима. Позната е по изобилие на минерални води, недопрена природа и чист воздух. По бројот на минералните извори со разновиден состав и температури, како и издашноста (преку 100 l/s), Луковска Бања спаѓа во најбогатите бањи во Србија. Се препорачува за следните заболувања:
1. воспалителен ревматизам
2. дегенеративен ревматизам
3. остеопороза
4. гихт
5. состојби по кршење на коските и хируршки интервенции на коскено-зглобен систем
6. гинеколошки заболувања