Desert Rose 5* се наоѓа на само 15 минути оддалеченост од аеродромот во Хургада. Резортот се простира на 300 000 м² со преубави градини, базени, аква парк и тиркизно-сино море. Хотелот има одлична локација за незаборавен одмор, со сопствена песочна плажа со должина од 1км, со 40 000 м² природна лагуна. Располага со 4 базена, 1 со олимписки димензии, базен со палуби за сончање и бар покрај него, топол семеен базен и детски базен. Аква паркот со 6 тобогани. Хотелот нуди 872 соби и 40 апартмани. Сите се опремени со: бокал за кафе и чај, сеф, клима, фен. Хотелот има неколку ресторани и барови: The Palm е ресторан со шведска маса, El Ranchero – мексички ресторан, La Dolce Vita – италијански ресторан, Il Delfino ресторан со поглед на море и отворена кујна со морска храна, Fattoosh – ориентален ресторан, The Rose Bar Lounge бар, The Sand – лагуна бар, Tropicana бар – забава во живо, Sea Breeze – бар на плажа, Club Soda бар, Bella Vista бар во водата со 360° панорамски поглед на морето и лагуната, Happy`s Pub, Ali Baba Shisha Corner е наргиле бар, Sunset Bar – бар на отворено со детски клуб, The Blue Lagoon Bar е бар на отворено со глетка кон лагуната. Хотелотнуди забавни ноќни анимации со детско мини диско, забавни шоу програми за целото семејство во амфитеатарот или во Star Disco со професионален DJ.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
» Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
ВАЖНО – Ковид услови за влез во Египет
Од 21.12.2021 условите за влез во Египет се либерализирани и согласно последните протоколи, сите патници и деца со 12 или повеќе години, неопходно е да поседуваат:
1. Потврда со QR код издадена од релевантна државна медицинска институција за комплетирана вакцинација (2 дози) со некоја од признаените вакцини извршена најмалку 14 дена пред влез во државата;
или
2. Негативен ПЦР тест со валиден QR код не постар од 72часа пред влез во Египет;
или
3. Негативен резултат од брз антигенски тест со валиден QR код не постар од 24 часа пред патување;
Оние кои не поседуваат еден од наведените документи, може да извршат тестирање на аеродромот во Хургада при пристигнување. Тестот се плаќа на лие место и чини окулу 30$.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel