COSTA DEL SOL – ЛЕТО 2025
COSTA DEL SOL – ЛЕТО 2025
Доколку посакувате одмор од соништата, покрај бескрајни сини пејзажи, тогаш Коста Дел Сол е вистинската дестинација за вас. Позната по долгите брегови, ситна песок и многу сончеви и топли денови, но и нешто повеќе… Јужниот брег на Шпанија на туристите им нуди магија, хедонизам и луксуз. Коста дел Сол нуди комбинација на одмор, уживање на сонце и волшебни пејзажи, место кое со години котира високо на листите со најпопуларни дестинации за совршен летен одмор. Секоја година повеќе од 5 милиони туристи го посетуваат југот на Шпанија и уживаат во магиите на Медитеранот. Климата е совршена, плажите преубави и романтични, спектарот од содржини за одмор и атракции – голем… Марбеља е одлична дестинација и главен туристички центар на Коста дел Сол, со атрактивните места кои го заслужуваат вашето внимание. Со сигурност, Коста Дел Сол ќе ги освои сите ваши сетила!
Хотелот Las Palmeras 4* е сместен во срцето на Коста дел Сол, на одлична локација. Од хотелот лесно се стигнува до ресторани, кафетерии, барови и продавници во Фуенхирола. Хотел Las Palmeras 4* располага со пространи и комфорни соби, секоја со тераса.
Хотелот се наоѓа во срцето на Коста дел Сол. Плажата е на околу 200 метри од хотелот. Свртен е кон пристаништето во градот Фуенхирола. Располага со тениско игралиште, откриен базен со поглед кон пристаништето и соби со сопствен балкон. На располагање е 24-часовна рецепција и туристичко биро, каде можете да земете автомобил под наем. Трговски центар Mercacentro се наоѓа на 200 метри од Las Palmeras, а арената за борба со бикови е на 15 минути пешачење. Хотелот располага со 381 двокреветна соба, 11 мали апартмани, 6 соби приспособени за лица со пречки во движење. Собите се удобни и комфорни. Располагаат со: бебешко креветче – на барање, поглед кон плажа или град, купатило со фен, клима /централна/, сеф – со доплата, ТВ, секојдневно чистење на собите. За појадок, ручек и вечера во ресторанот Oasis со капацитет до 700 лица. Ресторанот е со поглед кон пристаништето и нуди јадења на шведска маса. Хотелот има 3 бара. Нуди и рум-сервис. Las Palmeras 4* располага со сала за игри со билијар, пинг понг, откриен базен за возрасни и еден за деца на петтиот кат на хотелот со фантастичен поглед кон пристаништето за јахти. Има и мини клуб за деца од 5 до 12 години.
Термини на поаѓање: 07.05.2025, 14.05.2025, 21.05.2025, 28.05.2025, 04.06.2025, 11.06.2025, 18.06.2025, 25.06.2025, 02.07.2025, 09.07.2025, 16.07.2025, 23.07.2025, 30.07.2025, 06.08.2025, 13.08.2025, 20.08.2025, 27.08.2025, 03.09.2025, 10.09.2025, 17.09.2025, 24.09.2025, 01.10.2025, 08.10.2025, 15.10.2025, 22.10.2025
Цените се движат од:
800 еур до 1055 еур по лице во стандардна соба – услуга полупансион
Максимален капацитет на собите е 2 возрасни + 2 деца до неполни 12 год. или 3 возрасни
Цената вклучува:
авио билет Софија – Малага – Софија со Bulgaria Air
аеродромски такси
20 кг чекиран багаж + рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см (max 10kg)
7 ноќевања на база полупансион
трансфер аеродром – хотел – аеродром
панорамски разглед на Малага со водич
патничко здравствено осигурување
претставник на партнерската агенција
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
● Авио билет Софија – Малага – Софија;
● Аеродромски такси, чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см;
● Трансфер аеродром – хотел – аеродром со автобус;
● 7 ноќевања на база полупансион;
● Панорамски разглед на Малага со водич на бугарски јазик;
● Претставник на организаторот на бугарски јазик.
Задолжителна доплата:
такса за гориво /доколку има поскапувања/ се објавува 21 ден пред патување
општинска такса 1,5 еур по лице на ден /се плаќа на рецепција на хотелот/
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
● Арапска приказна – Гранада, со посета на Алхамбра (вклучена влезница) – 101 еур возрасен / 83 еур дете до 12 г.; (резервација и уплата мин. 1,5 месец пред поаѓање – на лице место не е возможно да се обезбедат билети!)
● Целодневна екскурзија до Севиља (со вклучена влезница за Катедрала) – 87 еур возрасен/ 59 еур дете до 12 г.;
● Целодневна екскурзија до Кордоба – 77 еур возрасен / 48 еур дете до 12 г.;
– Целодневна екскурзија до Белата Андалузија – Ронда и гратчето Сатанил де лас Бодегас – 89 еур возрасен / 54 еур дете до 12 г.;
● Полудневна екскурзија до Марбеља – 54 еур возрасен / 30 еур дете до 12 г.;
Доплата за соба со поглед на море 108 еур по лице за целиот престој
Слушалки за време на екскурзиите околу 14 еур по лице за целиот престој /се плаќаат на лице место, на водичот/
РЕД НА ЛЕТАЊЕ
(*можни се измени!)
Софија – Малага: 19:15 – 22:15
Малага – Софија: 23:00 – 03:40
Трансфер аеродром – хотел – аеродром:
Времетраење: околу 40 минути по правец со автобус.
За валидна резервација е потребна уплата од мин 50% од вкупната сума по лице. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Плаќањето е во денари по курс 1 еур=62 ден.
Цените се валидни за плаќање во готово или вирмански на сметка на Арт оф Травел.
Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.
Услови за откажување на резервација од страна на патникот:
Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:
30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;
30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;
Под 21 ден 100% пенали.
ВАЖНО:
Панорамски разглед на Малага
Вклучена во цената
Малага се наоѓа на брегот на Средоземното море, дел од Коста дел Сол, опколена со планини. Малага е позната како родното место на Пабло Пикасо. И како што кажал самиот уметник – за да станеш кубист, треба да се родиш во Малага.
Градот го основале Финикијците во Х век пр.н.е., под името Малака. Се претпоставува дека името произлегло од финикискиот збор за сол, бидејќи околу пристаништето се солела рибата. Седум века подоцна со градот владеат римјаните заедно со шпанските владетели на Картагена. Во VIII век, Шпанија е поробена од маварите и Малага станува важен трговски центар. Во тоа време градот бил во границите на калифатот на Кордоба. 1487 г. градот го завземаат кастиљанците, со што се става крај на муслиманското присуство. По граѓанската војна, 1936 г. градот е бомбардиран од италијанските војски и приврзаниците на Франко. 1960 г. Малага станува голем туристички центар. Панорамски разглед на Малага: Разглед на родната куќа на Пабло Пикасо, Катедралата на Малага, тврдината Кастило де Гибралфаро и Алкасаба.
Цената вклучува: водич на бугарски јазик.
Цената не вклучува: индивидуални трошоци.
Целодневна екскурзија Алхамбра и Гранада – Арапска приказна
Алхамбра и Гранада – последниот бастион на маварите во Шпанија е едно од најневеројатните места, кое може да се посети во Андалузија – нестварно убава, насликана, извезена и опишана. Неколку места во светот ги оставаат своите посетители без здив и без зборови.
Градот со белезите на вековно испреплетување на културите и историските настани. Дворецот на Насридите, последната маварска династија, која владеела во Шпанија, е вистинско ремек-дело на архитектурата и не случајно е меѓу новите чуда на светот под покровителство на УНЕСКО.
Со оваа екскурзија ќе можете да влезете во светот на гранадските емири со посета на Дворецот и Градините на Алхамбра. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за дворецот Алхамбра.
Цената не вклучува: индивидуални трошоци.
Важно: задолжителна доплата на слушалки на лице место – 2 eвра по лице.
Целодневна екскурзија на Севиља – Бисерот на Шпанија
Ја нарекуваат Севиља, бисерот на Шпанија, каде што под жешките сончеви зраци се раѓа страсното фламенко. Неспоредливиот шарм на Севиља ја чини сцената на светски познатата Кармен и заводникот Дон Хуан.
Град што ги комбинира минатото и сегашноста. Севиља е четвртиот по големина град во Шпанија и престолнина на Андалузија, со над 700 000 жители. Во Севиља како да застанало времето, каде по улиците се уште можете да видите луѓе во традиционални носии, а некои од зградите, се меѓу најубавите во Европа. По пристигнувањето во Севиља: Панорамски разглед со автобус – зградите на шпанско-американската изложба од 1929 г., убавите мостови Аламио и Баркета, Булеварот на палмите, Плоштад Шпанија и паркот Марија Лујза. Следува пешачки разглед со посета на познатиот кварт Санта Круз, Катедралата на Севиља, најголемата готска катедрала во светот, изградена во XV век, со познатата камбанарија Хиралда, слободно време кај дворецот Алказар на Шпанскиот плоштад со убавите фонтани – сцена за многуте улични свирачи и актери. Слободно време за прошетка и ручек. Враќање во хотел.
Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Севиља.
Цената не вклучува: индивидуални трошоци.
Целодневна екскурзија Кордоба
Во својата песна „Песна на јавачот“, Федерико Гарсија Лорка се восхитува на „кулите возвишени“ на овој симболичен, светски познат град на Андалузија, во стариот дел од кој човекот се губи во мудроста на вековите.
Кордоба се наоѓа во централниот дел на Јужна Шпанија и лежи на бреговете на реката Гвадалкивир, со околу 320 000 жители. Областа околу Кордоба била населена уште во праисторијата. Низ годините градот бил освојуван од разни народи, но најголем успон доживува под кордобскиот калифат, во времето на маварите. Денес е со добро развиен туризам, радувајќи ги своите посетители со разновидни културни и историски споменици, многубројни цркви, убави улици со калдрма… Како и во другите шпански градови, во Кордоба може да се види христијанската, муслиманската и еврејската архитектура. Впечатлив е историскиот центар на градот, кој е вклучен во списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО. Тука е познатата католичка катедрала „Меските де Кордоба“, која е изградена како џамија во времето на маварите и била втора по големина во тогашниот свет. Посета на стариот дел на градот, вклучен во светско наследство на УНЕСКО, познатата џамија Мескита, претворена подоцна во катедрала – една неверојатна комбинација на стиловите и религиите. Прошетката продолжува со разглед на Синагогата, еврејскиот кварт, римскиот мост над р. Гвадалкивир. Слободно време. Враќање во хотел.
Цената вклучува: трансфер, водич, влезница за Катедралата на Кордоба.
Цената не вклучува: индивидуални трошоци
Полудневна екскурзија Марбеља – Лов за знаменитости
Во Марбеља имате шанса да сретнете некоја позната личност од светот на политиката, спортот или шоу бизнисот.
Ја красат убавите плажи, елегантни згради и пријатното опкружување на среќни луѓе.
Полудневен разглед на одмаралиштето Марбеља – местото, кое го бираат за своја летна резиденција Саудискиот крал, каде го поминуваат слободното време Антонио Бандерас и Хулио Иглесиас и др.
Цената вклучува: трансфер и водич.
Цената не вклучува: индивидуални трошоци.
Целодневна екскурзија Ронда
„Душата на Андалузија“ – таканаречена Ронда, сместена на работ на кањонот Тахо над реката Гвадалевин. Исклучително живописно место, исклучителна природа и глетка, белиот град со неповторлив шарм, кој никого не остава рамнодушен.
Иако е мал по големина, градот Ронда е познат по многу работи. На прво место треба да се напомене, дека градот е лулка на борби со бикови во Шпанија. Тука е изградена првата арена за борба со бикови во 18-ти век. Пред самата арена е бистата на Педро Ромеро, кој се смета за основач на модерната борба со бикови, каде тореадорот се исправа пред бикот, стоејќи на земјата, а не седнат на коњ. Во Ронда е и Музејот на тореадорството. Ронда е позната како местото, каде е изработена познатата шесто-струна гитара. Тој вид гитара се смета за најважниот музички инструмент за фламенко музиката. Разглед на првата арена за борба, стариот дел на градот наречен Сан Франциако, Ла Сиедад и современиот дел на градот Ел Меркадио. Слободно време за прошетка. Враќање во хотел.
Цената вклучува: трансфер и водич.
Цената не вклучува: индивидуални трошоци.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel