Комплексот Sheraton Miramar Resort се наоѓа на околу 2 км од центарот на El Gouna, 1 км од марината и голф терените и на околу 27 км од аеродромот во Хургада. Изграден во живописен арапски, египетски и нубиски стил, сместен на 9 острови со убаво уредени градини претставува уникатна комбинација на природата и модерното… Хотелскиот комплекс е идеално место за одмор, релаксација, забава, меден месец и престој со деца. Ексклузивен, огромен хотелски комплекс во стилот на ориентална населба, дизајниран од светски познатиот архитект Мајкл Гравс. Посебна атракција е лоби бар и рецепцијата, каде што гостите најпрво се сретнуваат со уникатниот, но исто така и модерен стил на Miramar. Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа, која се состои од неколку лагуни. Еден помал дел е со корални гребени кои привлекуваат голем број вљубеници во подводниот свет, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без дополнителни долати. Комплексот има повеќе од 340 соби кои се пространи, удобни и имаат поглед на море, лагуна или градина. Сите соби имаат туш или када, фен, клима уред, бежичен интернет (со доплата), сателитска ТВ, телефон, дигитален сеф, мини бар (користење со доплата). Семејните соби се поврзани со врата (со доплата). Собите се за непушачи и има неколку соби за луѓе со посебни потреби.
Хотелот има 2 базени за возрасни (1 базен се грее), 3 базени за деца, неколку ресторани и барови, диско, бар на бродот Samir 2 Coconut, Grove бар и клуб за деца. Со доплата: интернет клуб, фризерски салон, спортски терени, казино, голем спа центар, чување на деца на барање, менувачница, rent-a-car, центар за нуркање и аква центар, фитнес сала и теретана, сауна и масажа.
Гостите на хотелот можат да ја користат “Dine around” услугата еднаш за време на престој да користат одреден оброк во еден од другите хотели со 5* во Ел Гона, со претходна резервација.
Услуга: All Inclusive
Цените се дадени по лице и истите вклучуваат:
Услуга All inclusive
Авионски билет со чартер лет на релација Скопје – Хургада – Скопје
дозволени 20 кг чекиран багаж по лице
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Организација на аранжманот
Цената не вклучува:
Египетска влезна виза ( 25 долари – се плаќа на лице место) за македонски државјани се добива на аеродром при пристигнување во Хургада. Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и потврда за хотелска резервација
Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци
Патничко осигурување
Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена – 6 ноќевања
1 ден | Скопје – Хургада
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови, издавање на виза на аеродром ( 25 усд) и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Пристигнување во хотел. Собите се превземаат после 14:00 часот. Почнување на хотелските услуги и ноќевање.
Хургада
Денови за одмор во хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме побарајте во хотелот опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услуга.
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција
7 ден | Хургада – Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот од 10:00 до 12:00 часот по што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време со можност за користење на хотелските содржини.
Трансфер од хотел до аеродром во вечерните часови. Информацијата за времето на поаѓање од хотел ќе ви биде соопштена од претставниците на локалната партнер агенција.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден.
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА
За да се направи барање за резервација е потребна уплата од мин. 30% од вкупната цена на аранжманот или мин. 50% доколку содржи одреден вид на попуст.
После уплатата барањето се процесира и потрврда од хотелот се добива 24 до 48 работни часа.
Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
За да се направи барање за резервација потребна е уплата од 30% односно 50% од вкупната цена на аранжманот. Целосната доплата на аранжманот е до 20 дена пред денот на поаѓање.
Резервациите кои се прават по Eearly booking или друг тип на попуст подлежат на друг тип на плаќање кој е наведен на секој хотел /понуда при правење на резервацијата.
Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
ОПШТИ НАПОМЕНИ и ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното време на полетување. Сите времиња се дадени по локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
Визи – патниците кои не се македонски државјани се должни сами да се информираат за визниот режим за Египет / Хургада.
На чартер летот за Хургада е дозволен едно парче чекиран багаж до 20кг по лице (платежен авио билет). Во случај на надминување на дозволените килограми за багаж, организаторот нема одговорност доколку авио компанијата одлучи да му наплати на патникот за надминатите килограми.
Во рачен багаж не е дозволено да се носат остри предмети и течности кои надминуваат 50 ml, гелови, спреј или пена.
ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот претставник на партнер агенцијата ќе ве пречека и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното средство за трансфер.
Информацијата за времето на поаѓање од хотел ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги вашите сметки.
ЦЕНА ЗА ДЕЦА: Цената за деца е валидна само при сместување со две полноплатежни лица.
• Дете до неполни 2 години – бесплатно. Детето на оваа возраст нема седиште во авион или кревет во хотел.
• Детето кое има бесплатно сместување плаќа само износот на авионската карта и трансфер и има седиште во авионот, трансферот, но е можно да нема сопствен кревет.
• Детето кое има попуст ги има сите услуги од програмата, но наместо редовно легло има дополнително легло.
ЗАБЕЛЕШКА: При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.
Патниците не можат да бараат намалување на цената за оброк што не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и за неискористени оброци при пријавување на екскурзии. На рецепција во хотел може да се информирате дали постои можност да ви бидат подготвени ланч пакети во денови кога ќе бидете на екскурзија.
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност.
Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
Распределбата на соби во хотелот се врши исклучиво на рецепција по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени или има доплата за истите. Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.
Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот на сместување во Вашата соба.
Сместување во хотел: За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / претставникот од локалната партнер агенција. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од сатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот. Ако сакате да ја задржите собата подолго потребно е да се информирате на рецепција дали постои таква можност и исто така плаќањето за оваа услуга се прави директно во хотел.
All inclusive – Се вклучено: Ве молиме во хотелот да побарате информации за деталниот концепт на услугата се вклучено.
Постои можност некои од содржините на хотелот во одреден момент да не се функционални поради објективни причини за што организаторот на патувањето нема одговорност. Во хотелите кои служат храна на принцип шведска маса постои можност поради недоволен број на гости, услугата да се врши на основа на мени, кое не се смета за промена на аранжманот.
КЛИМА УРЕД: Функционирањето на клима уредот во хотелот зависи од сезоната и од деловната политика на хотелот.
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени на аеродром (2 часа пред полеување) од страна на аеродромскиот претставник. По превземањето на билетите мора да направите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола.
Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слично. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ – откажување од патувањето на самиот ден на патување при што пеналите се 100%.
Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и другите документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.
ПРЕДСТАВНИК ОД ЛОКАЛНАТА ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА: Представниците зборуваат англиски јазик и тие се должни да ги пречекаат и испратат патниците во Хургада и да ги посетат во одредени денови за давање на дополнителни информации за факултативни излети или евентуална помош која им е потребна на патниците (услугите на претставникот не подразбираат целодневно или секојдневно доаѓање во Вашиот хотел).
Во случај на несоодветно сместување или било каков друг проблем Ве молиме да го известите претставникот на првиот инфо состанок или по телефон веднаш по настанувањето на проблемот. Напоменуваме дека поплаки за кои агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или по враќање од патувањето нема да бидат прифатени.
Ве молиме во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба, сообраќајна несреќа и слично) да се обратите до надлежните органи во Хургада. Организаторот на патувањето со својата партнер агенција единствено може да Ви помогне како посредник помеѓу Вас и надлежните органи.
ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Пријавувањето и плаќањето на истите се врши на лице место.
ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel