ХОРТО - ПИЛИОН

ЛЕТО 2024

ХОРТО

 

Хорто се наоѓа на југот на Пилион и е идеално место за мирен одмор. Оддалечен е околу 46 км од Волос, a на само 6 км е од селото Аргаласти и 3 км од селото Милина. Хорто има убава плажа, опкружена со бујна вегетација и маслиници. Иако се работи за мало место, ги има сите потребни содржини за потребите на туристите, таверни со вкусните морски специјалитети, кафетерии и барови. Куќите во Хорто се изградени во традиционален архитектонски стил на Пилион, во комбинација на камен и дрво. Селото има и музеј во некогашната Агелинис вила, каде може да се види голема колекција на предмети за домаќинство, старите алати, традиционалната облека, старите книги… Карши Хорто, на островцето Алатас, можете да го посетите манастирот Агиа Саранта од времето на Византија, каде се чуваат ретките икони. Местото има и мал, откриен театар, каде се, во летниот период одржуваат локални фестивали, со традиционалната музика и танци. 

HORTO BAY – Horto, Pilion

Се наоѓа покрај главниот пат, на околу 150 m од плажа. Horto Bay e сместена во подножјето на живописната планина Пилион, во мало, истоимено село Хорто, на само неколку километри оддалеченост од Милина. ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel