Zeyia House - Jerisos, Atos

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

40 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

17% попуст за уплата на 50% аванс со резервација до 03.12.2024 и целосна доплата до 31.12.2024

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Куќа“Zeyia”се наоѓа на одлична локација, на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, на мирна локација и е една од најквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со квалитетни апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и пространи реновирани тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има прекрасно уреден двор и паркинг веднаш пред куќата. Туристичката такса се плаќа со резервација и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.

Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална)  и директен поглед море од друга тераса (од дневна).Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни дмензии. Опремен е со квалитетен мебел.

Апартман број 2 (1/2+2) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба софа на пуштање (наменета за две деца до 12 год или еден возрасен) со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када, и сопствена тераса со маса и столови која има поглед кон прекрасната градина.

Дуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 43м². Има две одвоени спални соби со брачен кревет и посебна дневна соба со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран сопствен реновиран тоалет со туш кабина. Опремен е со многу квалитетен мебел. Има огромна тераса со маси и столови со поглед кон прекрасната градина.

 40.40005, 23.88018

СЛИКИ И УСЛОВИ

Напомени и услови:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
Во вонсезонските цени во апартманите број 1 и 2 плаќаат минимум 2 лица, а во апартман број 3 минимум 4 лица | 3-то, 4-то и 5-то  лице во апартман број 1 и 2 се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
·        ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА,според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:

–        За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)

–        За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170  мкд. (35евра)

–        Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.

Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62 мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и НЕ може да се комбинира.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Туристичката такса се плаќа со резервација и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервација.

Можеби ќе Ви се допадне

GRECOTEL GRAND EGNATIA Hotel **** – Alexandroupolis, Tracia

MITSIS MESSONGHI BEACH **** – Moraitika, Corfu

ALEXANDRA – Psakoudia, Sithonia

ZAFIRIA – Polihrono, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel