Teodosis House - Neos Marmaras, Sithonia

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

450 m

Грција

Халкидики>Ситонија>Неос Мармарас

Teodosis Lux се наоѓа во строгиот центар на Неос Мармарас, оддалечена околу 50m од морето и околу 450 m од градската плажа. Објектот располага со комфорни студија, дел имаат поглед кон морето (PM) и секое поседува опремен кујнски дел со фрижидер и микробранова печка, купатило, балкон, бежичен интернет за чија брзина и проток агенцијата не може да гарантира, ЛЦД ТВ и клима чие користење е вклучено во цената за наем. При влез во објектот задолжителен се остава депозит од 50ЕУР!

 

Google Maps:
Latitude 40.0930774
Longitude 23.7868039

ГАЛЕРИЈА

*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!

За валидна резервација потребни се следните податоци:
-Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
-Датуми на раѓање на сите патници
-Контакт телефон
-Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
-Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)

Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмо, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал и ви кажал во кој број на сместувачка единица да влезете.

Такса за престој, во висина од 2 еврa по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот. Подлежи на измени!

НАПОМЕНИ:
• Во собите се влегува од 16:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено), а се напуштаат до 09:00 часот
• Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.
• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.
• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.
• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет.
• Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен
• Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)
• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.
• Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори

Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.
• Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 15 еур по резервација.
• Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.
• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.
• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
Ваучерот се добива 5-7 дена пред почетокот на патување.

Можеби ќе Ви се допадне

PANAJOTIS – Stavros, Strimonikos

HOMER – Nidri, Lefkada

Club TUANA ***** – Fethiye

SOTIRIA – Nei Pori, Pieria

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel