Evi 1 е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од морето. Куќата е поставена на самата улица која води директно кон плажата покрај продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Апартманот е простран и се наоѓа на вториот кат. Опремен е со кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманот има постелнина и пешкири кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сопствен бојлер, а куќата е покриена со бежичен интернет. Агенцијата не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во куќата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден по 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден до 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенција)
Организиран превоз од Скопје –
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот
– Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel