Costa Verde Hotel **** - Cefalu

ЛЕТО 2023

УСЛУГА

HB +

Оддалеченост од плажа

1,5 km

Италија

Сицилија>Хотели

Директен чартер лет Софија – Катанија

Costa Verde 4* Cefalu

http://www.hotel-costaverde.it/

Аква-парк, полупансион со вклучени вино и вода, убава песочна плажа, на 5 минути од романтичното гратче Чефалу се карактеристики на Costa Verde 4*, како идеалниот избор за одмор на Сицилија

 

Costa Verde 4* се наоѓа на ридовите над убавиот залив со прекрасен панорамски поглед на околината. Хотелот е на околу 6 км од Чефалу. До центарот се доаѓа со редовна автобуска линија (цена на билетот 3 евра по правец). Територијата на хотелот: панорамски ресторан, тркалезен ресторан, грил ресторан на плажа, отворен од јуни до септември (во зависност од временските услови, лифтови, ТВ сала, продавница, 3 бара, пиано бар, дискотека, голем откриен базен, детски базен, бесплатни лежалки и чадори – на плажа и покрај базенот, анимација во амфитеатарот – на италијански и француски јазик, мини клуб – од јуни до септември, фризерски салон, СПА центар – со доплата, Wi-Fi – бесплатен околу лоби барот, бебешко креветче – бесплатно, на барање, паркинг – бесплатен, домашни љубимци – со претходна најава и барање.  Costa Verde 4* е идеален за семејства со деца. Нуди 380 соби, светли и пространи: клима – од средината на јуни до средината на септември, када или туш, телефон, фен, сеф, фрижидер, телевизор со сателитски канали, балкон. Од 2019 година хотелот располага и со SUPERIOR соби со поглед кон море. Овој тип соби се комплетно реновирани и нудат уште и: бокал за кафе и чај, Wi-Fi интернет во собата, поглед кон море и се со максимален капацитет до 3 легла.

Costa Verde 4* нуди 3 ресторана. Сите јадења се сервираат на блок маса, со вклучени вино и вода за време на вечерата, во главниот ресторан а ако дозволуваат временските услови и на терасата.

Costa Verde 4* е оддалечен околу 1,5 километар од плажата – со фина, златна песок, сопственост на хотелот, опремена со лежалки и чадори. За гостите е обезбеден бесплатен трансфер до плажата неколку пати дневно. На плажата има и Грил ресторан, кој гостите можат да го користат за ручек.

АКВАПАРК – во непосредна близина на хотелот (300 метри) е голем воден парк. Аквапаркот содржи атракции за мали и големи. На неговата територија се: зона посветена на деца –  вклучува базен со 4 тобогани, разновидни водни игри. Зона за бебињата со атракции, потполно безбедна; зона, посветена на возрасни – вклучува 6 тобогани, неколку дупли тобогани, како и тобоган висок 12 метри; голем базен со вештачки бранови, хидромасажни базени; анимација со игри; зона со ресторани; зона за пикник; зона за сончање. Работи од 09.06 до 09.09.2020 г., од 9:30 до 18:30 часот. Влезница 10 евра по лице

Спорт и забава – со доплата: На територијата на хотелот: базени со свежа вода за возрасни и деца; 2 игралишта за бочање; 2 тениски терена; Стрелање со лак; Мало фудбалско игралиште На територијата на плажа – од јуни до септември: едрилици; сурфање; Кану. СПА центар – на 300 м. од главната зграда на хотелот.

 

Дополнителна информација

Регуларен транспорт од хотелот Costa Verde 4* до/од Чефалу има на секои 15 минути по цена од 3 евра по правец;

 

 

Цената вклучува:

авио билет Софија – Катанија – Софија

чекиран 20 кг и рачен багаж

аеродромски такси

трансфер аеродром-хотел-аеродром на дестинацијата

претставник на партнерската агенција на бугарски јазик

 

Цената не вклучува:

туристичка такса околу 7 еур по лице /се плаќа во хотелот/

задолжителна доплата за таксата за гориво /разликата во цената/ 21 ден пред поаѓање

факултативни излети

СЛИКИ И УСЛОВИ

Цената вклучува:

–        авио билет Софија – Катанија – Софија

–        20 кг чекиран багаж и рачен багаж со димензии 40x30x20см;;

–        аеродромски такси;

–        7 ноќевања на база полупансион плус;

–        Трансфер аеродром – хотел – аеродром со климатизиран автобус;

–     трансфер до плажа /1,5 км/

–        Патничко здравствено осигурување со покритие до 10 000 евра;

–        Претставник на организаторот на бугарски јазик за цело време на престојот.

 

Цената не вклучува:

–        Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање; 

–        Боравишна такса

–        Дополнителни излети, по желба;

 

Ред на летање: 

Термини со поаѓање во четврток:

Софија – Катанија – 19:00 ч./ 20:00 ч

Катанија – Софија – 20:35 ч./ 23:20 ч.

Термини со поаѓање во недела:

Софија – Катанија – 13:10 ч./ 14:10 ч

Катанија – Софија – 14:45 ч./ 17:30 ч.

 

Авиокомпанијата го задржува правото за промени во редот на летање.

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Времетраење  на трансферот: околу 2 часа од Катанија 

 

Резервација:

За валидна резервација е потребна уплата од мин. 50% од вкупната сума, во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање. Цените важат исклучиво за плаќање во готово или на сметка!

 

Услови за откажување на патување од страна на патникот:

30+ дена пред поаѓање 50 еур по лице

30-22 дена пред поаѓање 30% од вкупната сума

21-0 дена пред поаѓање 100% пенали

 

ВАЖНО:

1. Минимален број за реализација на програмата: 120 лица. Во случај на недоволен број, организаторот е должен да ги извести патниците 20 дена пред поаѓање.

2. Нема специјални медицински и здравствени побарувања, поврзани со патувањето.

3. Потребен е валиден пасош со минимум 6 месеци важност од датумот на напуштање на земјата во која се патува.

5. Организаторот го задржува правото за промена на програмата.

Можеби ќе Ви се допадне

LOTUS BAY BEACH Resort **** – Hurgada

PUNTA Hotel **** – Skiathos Town – Punta, Skiathos

HOTEL SAMARA ***** – Bodrum

MILINA HOLIDAYS, Milina, Pilion

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel