Altina House - Vasiliki, Lefkada

ЛЕТО 2024

Превоз

Сопствен

Оддалеченост од плажа

30 m

Грција

Острови>Лефкада

ЦЕНОВНИК ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.03.2024

ЗА ТЕРМИНИТЕ 27.05., 06.06. И 16.06.2024:

15% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА И ДОПЛАТА ДО 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

Altina House се наоѓа во Василики, на само 50-тина метри (се поминува патот) од познатата песочна плажа Понти. Најблиската пекарница и маркет се на околу 20 m од куќата, а во непосредна близина се и неколку таверни (на плажата). Центарот на местото е околу 1 km.

Куќата ја чинат 2 згради. Во двете може да се влезе од горната страна на патот и паркингот или од долната страна која е поблиска до плажата и од која до горната зграда водат 40 скали. Располага со двокреветни и трикреветни студија који се наоѓаат во приземје и на прв кат и четирикреветен дуплекс апартман на 1. кат. Сите, освен едно студио, имаат поглед на море, директен (студијата на кат) или делумен (студијата во приземје имаат делумен поглед на море поради околната вегетација). Поради теренот, специфична е катноста на студијата. Секоја сместувачка единица поседува основно опремена кујна (садови, фрижидер, мини шпорет со 2 рингли и рерна, основен прибор), купатило со фен, балкон или дел со гарнитура за седење, LCD TV и клима уред чие користење е вклучено во цената. Замена на постелнина и пешкири е 2 пати во текот на смената. Објектот е покриен со бежичен интернет, но за брзината на протокот не можеме да гарантираме. Куќата поседува сопствен паркинг, пред самата куќа, но само за неколку на возила. Доколку тука нема место, на околу 400 m оддалеченост постои бесплатен приватен паркинг кој го користат само гостите на објектот Алтина. Објектот е “pet friendly”!

Местото е помирно од Нидри и Лефкас, но заради позиција е доста барано, особено откога во јануари 2020та година е пробиен патот кон прочуената плажа Порто Кацики. Со тоа патот до истата е скратен на само 14 km. Со тоа и останатите познати плажи на западниот брег се достапни. Од Василики имате можност да ги посетите соседните острови Итака и Кефалонија до кои се организираат еднодневни бродски тури. Комбинација на мирно летувалиште, добро сместување и одлична појдовна точка за обиколка на островот се чини дека е прав избор за ова лето.

ОПИС:

1/2 studio – во една просторија чајна кујна и еден брачен или два единечни кревети
1/3 studio – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден единечен кревет или три единечни кревети

1/4 dupleks apartman – во едната спална има два единечни кревети, во втората спална два единечни кревети и во издвоена просторија чајна кујна

 

*GPS координати: 38.632539, 20.594304

ГАЛЕРИЈА

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 

ОПИС:

1/2 studio – во една просторија чајна кујна и еден брачни или два единечни легла
1/3 studio – во една просторија чајна кујна, еден брачен и еден единечен кревет или три единечни легла

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секое оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-200 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или метална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

*Влез во Република Грција нема да е безусловен како минатите години. Услов може да е потврда за ревакцинација со одредена врста на вакцина, доказ за негативен ПЦР тест, антигенски тест, што зависи од одлуките на Република Грција. Ве молиме овие факти да ги имате на ум кога резервирате, поради што истите не можат да бидат причина за откажување на резервација.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.

Можеби ќе Ви се допадне

IRIS – Paralia, Pieria

NATASA 2 – Hanioti, Kassandra

IRINI – Vrahos, Ionian coast

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel