20% попуст за 50% аванс со резервација до 30.11.2024 и доплата 21 ден пред поаѓање
*На промо термините не следува попуст!
*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%
20% попуст за 50% аванс со резервација до 30.11.2024 и доплата 21 ден пред поаѓање
*На промо термините не следува попуст!
*За плаќање со картичка попустот се намалува за 2%
Хотел-Акрополис 3*се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Понудата е за услуга ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен панорамски поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 950 метри од хотелот, како и ресторани, кафетерии и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот, во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети. Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор, како и чајна кујна, стандарден мал фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со гарнитури за седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината. На гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа е хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори со нарачување пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и пешкири се врши на половина од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel