НЕА ПЛАЈА

ЛЕТО 2024

НЕА ПЛАЈА

Крајбрежно рибарско селце и викенд населба Неа Плаја (грчки:Νέα Πλάγια) – лежи во заливот Thermaikos и оддалечена е само 48 km oд Солун со кој е поврзана со редовни автобуски линии. До пред некоја година го посетуваа само Грците, а последниве години станува се попопуларно и кај нас поради близината, песочната плажа долга 4 км на која можете да уживате во залезот на сонцето до доцните попладневни часови.  Долж плажата се протега убаво уредено шеталиште. Вон сезона е идеално место за потполно опуштање. Местото е мирно, без многу сообраќај, со неколку таверни, маркети, спортски терени.

Неа Плаја ја основале доселениците од Мала Азија (источна Тракија) 1924 година, градејќи ја на мочуришно земјиште недалеку од манастирот Кармани, чиви монаси помагале во изградбата. Денешната Неа Плаја припаѓа на општина Триглиа, има околу 1200 жители, кои се бават со одгледување на маслинки, дињи, грозје. 

РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА

NIKOLAIDIS NEW – Nea Plagia, Solunski zaliv

Nikolaidis New се наоѓа на самата плажа во Nea Plagia, во делот кон Nea Flogita, на 100-тина метри од куќите Адонис и Тасос 1 во Неа Флогита. Тоа се комплетно реновираните сместувачки единици на...

ANTI – Nea Plagia, Solunski zaliv

Anti се наоѓа на почетокот на Nea Plagia, на околу 120м од плажата. Во понуда се четирикреветни и петкреветни апартмани со можност за користење на дополнително легло. Сите сместувачки ...

DINA – Nea Plagia, Solunski zaliv

Dina се наоѓа на почетокот на Nea Plagia, на околу 20м одалеченост од плажата. Сместувачките единици на високо приземје се комплетно реновирани за сезоната 2024, додека тие на приземје ...

AMOS – Nea Plagia, Solunski zaliv

Amos се наоѓа на околу 20 м од морето, во најубавиот дел на Неа Плаја, веднаш до ресторанот Таласинос. Нова куќа со пространи студија (33-35m2), апартмани (36-44m2), дуплекси (44-50m2) и комфорт дуплекси од 86m2.

TOLIS – Nea Plagia, Solunski zaliv

Tolis се наоѓа на околу 50м од плажата во Nea Plagia. Во понуда се комфорни петкреветни и шесткреветни дуплекс апартмани на приземје. Сите сместувачки единици имаат основно опремена...

ALEKA – Nea Plagia, Solunski zaliv

Се наоѓа во мирниот дел на Неа Плаја, на околу 80 м од плажата. Студијата се на приземје и прв кат. Апартманот е на прв кат. Некои од студијата имаат страничен поглед на море. Сите се опремени со ...

KOULA – Nea Plagia, Solunski zaliv

Koula се наоѓа на околу 150м од плажата во централниот дел на Nea Plagia. Во понуда се комфорни четирикреветни дуплекс апартмани, во дел од нив има можност за додавање на помошен...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel