Филоксенија е нова и стандардно опремена куќа, на оддалеченост од само 150 метри од море. Располага со двокреветни, трокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани. Сите сместувачки единици се опремени со кујни, купатило, ТВ, бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира, клима уред, чие користење е со доплата на лице место и големи тераси. Во дворот има скара, која е достапна за гостите. Куќата има паркинг за 2 возила и функционира на принципот прво слободно место.
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 05.09; 12.09 и 19.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
НАПОМЕНИ:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ :
НЕМААТ КРПИ ,САПУН ;ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel