АТОС
Најисточниот дел на Халкидики е планината Атос, позната како Света Гора, каде што живеат само православните монаси. Седиштето на 20те православни манастири, вклучувајќи по еден српски, бугарски и руски манастир, е автономна држава под грчки суверенитет. На Света Гора можат да живеат само монасите и моментално ги има околу 2.000. Прв историски спис за постоење на монасите на Светата Гора, датира од првата половина на 9. век. По правилото наречено „аватон„, Света Гора можат да ја посетуваат само машки лица, со специјална дозвола, која се вади однапред. Голем број на туристите својата посета на Света Гора ја ограничуваат на гледање на манастирите со камери и двогледи од бродовите.
Најголемиот број манастири е изграден на обалите и во комбинација со преубавата природа, која ги опкружува, чинат слика која ќе Ве остави без здив. Извонредните уметнички дела, колекции на ракописи, икони и златни и сребрени предмети се чуваат во манастирите.
Хотелите се воглавно сместени околу Уранополис и на островот Амулијани. Атос е единствена монашка држава на светот, спроти архипелагот Амулијани, со седумнаесет песочни острови и претставува неоткриен рај за туристите кои ја почитуваат традицијата и сакаат мирен одмор.