ПЕФКОХОРИ
Пефкохори е познато грчко летувалиште, сместено на првиот крак од полуостровот Халкидики-Касандра, со поглед кон заливот Торонеос. Се наоѓа на 110 км југоисточно од Солун, опркужено со борова шума, по која го добил и името.
Пефкохори го задржалo духот на грчката традиција со стариот плоштад, убавата црква и тесните улички, али со времето добилo и ново, модерно руво со бројни кафетерии, барови, дискотеки и богат ноќен живот, а со тоа станалo популарнo и кај помладите туристи. Ги има сите неопходни содржини: маркети, продавници, амбуланта, аптеки, пекари, пошта. По должината, уз морето е шеталиштето, кое, во вечерните часови е центарот на сите збиднувања: бројни продавници за сувенири, таверни, ресторани. Плажите се долги, средени, со постепен влез во морето, што е погодно за семејства со деца.
