КАЛИТЕА

ЛЕТО 2025

КАЛИТЕА

 

 

Калитеа е летувалиште на источниот брег на полуостровот Касандра и важи за едно од најомилените и најатрактивните дестинации. Оддалечена е од Солун 95 км и 50 км јужно од Полигирос. Калитеа ја основале доселеници од Мала Азија во 1922 година на пеостор од преку 3.500 ha и моментално има 450 постојани жители, а во лето е прав космополитски центар кој има се неопходно за добра забава и одмор. Сопствената општинска управа и денешното име ја добила во 1946 година. Во Калитеа се храмовите посветени на Дионис и Зевс кои се подигнати во втората половина на 4. век. Заливот и плажата се со угорница одвоени од летувалиштето, па средишниот и уредениот парк и терасите на неколкуте ресторани и кафетерии се извонреден видиковец со убав поглед кон Егејското море, што и во превод од грчки значи убав поглед (Калитеа). До плажата се стигнува со 10-тина минути пешачење. Калитеа ја одликува и пешачка зона со бројни плоштади, бутици, мини маркети, банки, пошта, аптека, туристички агенции и агенции за изнајмување возила. Таа е едно од омилените места на туристите од цела Европа, а и на жителите од Солун, поради близината и одличната забава преку викендите.

ALEXANDRA – Kalithea, Kassandra

Куќа Аlexandra се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel