Хотел Маива, категоризиран како хотел со 4 ѕвезди, е нов објект, кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан и е на само 50 метри од езерската шир и 150 метри од Хотел Климетица . Претставува објект со современ ентриер – Ви нуди комфор, удобност – прекрасно место за одмор и релаксација.
Хотел Маива располага со 30 студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, со плазма и сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро.
Хотелот располага и со сала со 150 седишта во која ќе можете да уживате во разновидноста на специјалитети од национална и интернационална кујна во прекрасен амбиент во кој можете да ги прославите вашите свечености, коктел забави или деловни приеми.
Во склоп на хотелот работи и кафе бар со тераса.
Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel