ПОТИДЕА

ЛЕТО 2026

ПОТИДЕА

 

Неа Потидеа или како што ја нарекуваат „најубавата плажа на Касандра“, е првото место на овој крак. Основан е од мигранти од источна Тракија во 1922 година, на местото на старата населба Потидеа. Некои историчари тврдат дека првите записи за ова место датираат од 7. век пред нашата ера и зборуваат за колониите од градот Коринт, додека други тврдат дека на ова место постоел древниот град Палини. Но, за едно се согласуваат сите, а тоа е дека географската положба на ова место е одлична, со оглед на тоа дека Неа Потидеа лежи на важна воено-стратешка кота и од Солун е оддалечена на 60км јужно, а излегува на два залива: Термаикос и Торонеос, па лежи на самиот влез на полуостровот Касандра. Над каналот се наоѓа мост со висина од 18м кој ја спојува Касандра со Халкидики. Каналот кој ги спојува двата залива се спомнува уште од Страван во првиот век од нашата ера.

Кралот на Македонија Касандрос во 316. година п.н.е. ја изградил од ново населбата на ова место, која подоцна ја срушил Филип Втори и ја нарекол Касандриа. Во времето на владеење на Турците (од 1430 година) местото го менува својот назив во Порта Касандра или само Порта. За време на владеење на Римското Царство цвета како римска колонија која трае се додека не ја срушат Хуните во 540 година од нашата ера. Тогаш цар Јустинијан му става темели на градот, а рушевините кои и денес постојат се од тоа време. Денешната Неа Потидеа брои околу 1000 жители, а од инфраструктурата има: ресторани, барови, таверни, плоштади и супермаркети, забавен парк за деца, клуб за спортови на вода итн.

ISI – Nea Potidea, Kassandra

Isi се наоѓа на околу 40 метри од плажа, во мирниот дел на Неа Потидеа. Објектот е од понов датум и располага со убаво уредени трокреветни и четворокреветни студија, трокреветни апартмани и четворокреветни ...

LAST MINUTE

*21.07.26

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

AKIS Rooms – Potidea, Kassandra

AKIS (ex VERGINA) – куќата се наоѓа на сама плажа, во Неа Потидеа. Во понуда се функционални, убаво одржувани студија, апартмани и дуплекс апартмани, со поглед на море или без. Секоја сместувачка ...

KONSTANTINIDIS – Nea Potidea, Kassandra

Konstantinidis се наоѓа на околу 40 метри од плажата во мирниот дел на Неа Потидеа. Објектот располага со убаво уредени двокреветни студија, трокреветни и четворокреветни апартмани, сместени на приземје...

KOSTAS – Nea Potidea, Kassandra

Kostas се наоѓа на околу 20 метри од плажа, на самото шеталиште во централниот дел на Неа Потидеа. Објектот располага со трокреветни студија и и четворокреветни дуплекс апартмани, на високо приземје и на ...

LAST MINUTE

*11.07.26

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ

ALEXANDRA BEACH – Potidea, Kassandra

ALEXANDRA BEACH – куќата се наоѓа во мирен дел на Неа Потидеа, на самиот крај на местото и на само околу 20-ина метри од брегот. Во понуда се четирикреветни и петкреветни дуплекс апартмани на 2 нивоа. ...

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel