Zorbas 2 House - Nea Flogita, Solunska Regija

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

На плажа

Грција

Солунски Залив>Неа Флогита

10% попуст за целосна уплата со резервација до 01.02.25
7% попуст за 30% аванс со резервација и целосна уплата до 01.03.25
Првиот и последниот термин не подлежат на попуст!
*за плаќање со картичка попустот се намалува за 2%

ZORBAS – се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Куќата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба. Тераси со директен и страничен поглед на плажа-море, пространа кујна со трепезариска маса, тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и интернет – бесплатни. Апартманите се наоѓаат на II кат. Апартманите се реновирани и се со добар квалитет на сместување. Гостите со сопствени возила може да паркираат на 20м од куќата. 

СЛИКИ И УСЛОВИ

НАПОМЕНА

– Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
– Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
– Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Можеби ќе Ви се допадне

KATERINA – Kanali, Jonski Breg

DOLCE ATTICA RIVIERA Hotel **** – Atika

STAVRULA GARDEN 1 – Sarti, Sithonia

GRAN Hotel Peniscola 4* Costa Azaar

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel