20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.12.2024
10% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.12.2024 И ДОПЛАТА 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.12.2024
10% ПОПУСТ ЗА 50% АВАНС СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.12.2024 И ДОПЛАТА 30 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
Penny се наоѓа под магистралата, на 450 метри од плажа, a 600 метри од централниот плоштад. Во понуда се студија наменети за сместување на 2 до 4 лица, сместени на приземје, прв и втор кат. Некои од студијата се реновирани и ценовно одделени. Секое студио има купатило, опремен кујнски дел, пространа тераса, ТВ, бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира и клима уред (со доплата на лице место). Куќата е опкружена со голем двор со многу зеленило, има и базен со лежалки и чадори за сонце, како и паркинг.
*Понудата е исклучиво за сопствен превоз и нема можност за резервација на автобуски превоз од Македонија!
*Сликите на објектот и сместувачките капацитети прикажани на веб страната на Арт оф Травел се од информативен карактер, по случаен избор, за да имате претстава за изгледот на истиот и не значи дека сите сместувачки капацитети се со ист распоред, поглед, намештај, плочки во купатило и сл.
Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден
За резервација без попуст потребна е уплата од 50% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.
За резервација со попуст е потребна комплетна уплата со резервација или 50% од сумата, во зависност од висината на попустот.
Цените се валидни за плаќање во готово (кеш) или на ф-ра. За плаќање со картичка (Виза и Мастер) попустот се намалува за 2%, односно сумата без попуст се зголемува за 2% банкарска провизија!
За валидна резервација потребни се следните податоци:
– Име и презиме (како што е во пасошот) од сите патници
– Датуми на раѓање на сите патници
– Контакт телефон
– Е-маил адреса (доколку ја поседувате)
– Адреса на живеење од едниот пасош (носител на резервација)
Документацијата потребна за патување (ваучер за уплатениот одмо, како и контакт тел. од претставникот) ја добивате 5-7 дена пред патување на е-маил адреса, оставена од Ваша страна во агенција или лично ја подигнувате во агенцијата по добиено телефонско известување дека е пристигнат. Ваучерот е потребно да го имате во печатена верзија – примерок го предавате на претставникот на дестинацијата. По пристигнувањето на дестинацијата, потребно е да го известите претставникот телефонски како би ве регистрирал и ви кажал во кој број на сместувачка единица да влезете.
Такса за престој, во висина од 2 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот. Подлежи на измени!
НАПОМЕНИ:
• Во собите се влегува од 16:00 часот (постои можност за порано влегување, доколку е исчистено), а се напуштаат до 09:00 часот
• Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.
• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.
• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.
• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет.
• Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен
• Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)
• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.
• Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори
Сите објекти се стандардизирани од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата во која се наоѓаат.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Промена на датумите, како и промена на сместувањето, ќе се третира како откажување на резервацијата.
• Трошоците за промена на име на веќе потврдени резервации се наплаќа 10 еур по резервација.
• Организаторот не гарантира кат, поглед, број на сместувачката единица, доколку тоа не е наведено во ценовникот.
• На дополнителните услуги (доплата за клима, полупансион и сл.), наведени во ценовникот, не се пресметуваат попусти.
• Во објектите каде што е нагласена можноста за користење на бежичен интернет, организаторот не го гарантира квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
Цената е гарантирана само за уплатениот износ. Неплатениот дел подлежи на евентуални промени.
Ваучерот се добива 5-7 дена пред почетокот на патување.
Во случај кога цената е редовна (без попуст за рана уплата, специјална понуда или ласт минит понуда), за валидна резервација се смета уплата од минимум 50% од вкупната сума. Останатиот дел се доплаќа минимум 30 дена пред поаѓање.
• Клиентите се должни да ги прочитаат сите овие напомени, како и Општите услови на патување и со потпис на договорот ја даваат својата согласност.
За влез во Р. Грција пасошот треба да е со важност мин. 3 месеци од денот на враќање. Ве молиме истите да ги проверите пред уплата на резервација! Агенцијата не е одговорна за невалидни и истечени патни документи на сите наведени лица од потпишаниот договор, и нема да се смета за основ за откажување на резервацијата!
Патничко здравствено осигурување е препорачано да го имате за патување во странство. Информациите околку тип, цена и сл. можете да ги добиете директно во агенција.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel