Kleopatra House - Jerisos, Atos

ЛЕТО 2025

Превоз

Сопствен
Автобуски

Оддалеченост од плажа

0 метри

Грција

Халкидики>Атос>Јерисос

12% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.11.2024!
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ!
7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 30% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ!
*смените со звездичка се со веќе пресметан попуст
(акциските попусти важат за смените без звездичка)

*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%

КЛЕОПАТРА е лоцирана на шеталиштето, покрај плажа, одлично опремена куќа и реновирана 2024та година. Секоја сместувачка единица има кујна стандардно опремена, со кујнски инвентар, додека во апартманите има голем фрижидер и плотна со 2 рингли. Секоја соба има стандардно купатило и вц, клима уред и тв. Куќата има и бежичен интернет и голем паркинг, кој функционира на прво слободно место. 

 

АПАРТМАН БР.1 – Високо приземје (1/2)+(1/2)+1 дете 5 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има еден кревет единечен + еден единечен кревет од кој се извлекува уште еден кревет на висина на единечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и кујнски инвентар. Во кујната има ТВ и маса за ручавање. Спалната соба има еден дупли кревет (француски). Апартманот има плакар за алишта и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Излегува на тераса со страничен поглед на море.

 

АПАРТМАН БР.2 – Прв кат (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на прв кат. Во кујната има еден единечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под единечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупли кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.

 

АПАРТМАН БР.3 – Прв кат (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на прв кат. Во кујната има еден единечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и кујнски инвентар. Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупли кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.

 

GPS координати:
40,399820 , 23.880904

40°23’59.4″N 23°52’51.3″E

 

ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
– За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
– трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат, 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа (бесплатно) и не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
* Деца до неполни 2 години бесплатно – не користи седиште *

СЛИКИ И УСЛОВИ

Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ на организаторот;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на куќата има право да наплати на лице место за направената штета или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

АПАРТМАНИТЕ:
ИМААТ КРПИ 
ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

Можеби ќе Ви се допадне

ONIRO Boutique Hotel **** – Toroni, Sithonia

DINA – Asprovalta, Strimonikos

ANTHEMUS SEA BEACH Hotel ***** – Akti Elias, Sithonia

CORAL Hotel *** – Skala Rachoni, Tasos

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel