15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025 И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2025
напомена: првите три и последните два термина се промо цени и на нив не следува попуст!
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025 И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2025
напомена: првите три и последните два термина се промо цени и на нив не следува попуст!
*ЗА ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА ПОПУСТОТ СЕ НАМАЛУВА ЗА 2%
MEROPI се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200 м од самата куќа. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200 м оддалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.Сите соби се наоѓаат на прв кат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед (гледаат во ѕид на друга куќа), ТВ, клима уред, чие користење е без доплата и бежичен интернет, за чија брзина агенцијата не може да гарантира.
Капацитетот на овие соби е 3 возрасни лица, или 2 возрасни лица со 2 деца од кои второто дете да нема полни 6 години бидејќи дели легло со родители и не му следува дополнително легло.
Студијата за сезона 2025та се во процес на реновирање, нови фотографии ќе бидат објавени дополнително.
GPS Координати: 40°4’31”N,23°26’52”E
• Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
• Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
• Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
• Туристичка такса од 2еур по соба на ден, се плаќа на лице место.
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
• -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
• -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
• -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -50еур по лице
• -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
• -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
• Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
• Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
• Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
• Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
• Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
• Деца од 2-12год – Попуст од 10еур од редовната цена
• Деца до 2год – бесплатно и не користат седиште
Превозникот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или промена на цената на горивото
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
• *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
• *Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
• *Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето, каде може да се паркира автобус
• *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel