Тасос со години ги опчинува своите посетители со своите природни убавини. Главните атрибути на овој остров се бројните шуми на борови и ели, подрачја со маслиници, живописните гратчиња и села, убави и чисти плажи, кристално чисто море. Летувањето тука се препорачува на сите кои имаат потреба од мир и тишина.
Со копното е поврзано со ферибот од Керамоти и Кавала, преку цела година.
Најзелениот грчки остров е комбинација на густа борова шума и маслиници, вода со изнимна чистота, песочни и карпести плажи, литици и скриени пештери, вкусни вина, шумски мед и девствено маслиново масло, како и мнугобројните археолошки наоѓалишта. Тасос е остров кој се сака, а она што ќе го доживеете таму, останува во вечно сеќавање.
Тасос е најсеверниот грчки остров. Вкупниот обем е 90 km. Главниот град е Лименас, на север, Потос едно од најпопуларните места на југот… Можете да ги посетите бројните манастири, фабрика за маслиново масло… Бројните плажи од кои најпознати се Makriamos, Paradiso, Golden beach, Aliki, Мраморна…
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel