СТАВРОС

ЛЕТО 2020

Ставрос е оддалечен од Солун околу 70 км и е единствено место во Грција со исклучителен квалитет на воздух. Сместен на  “роза на ветрите” каде се вкрстуваат четири воздушни струи: морска, езерска, речна и планинска. Едно е од ретките приморски места со природна изворска питка вода. Познат како воздушна бања, а го карактеризира и долг, плиток влез во море, па се препорачува за семејства со мали деца, за повозрасни лица и за оние кои навистина сакаат одмор. Го красат убаво уредени плажи и ували. Најпознати во Ставрос се платаните во непосредна близина на главната плажа, така да не ви се потребни чадори за сонце. Ставрос има 6.500 жители, додека во сезона во просек го посетуваат околу 75.000 туристи.

 

Долж главното градско шеталиште се сместени многубројни дуќанчиња, супермаркети, таверни, кафетрии, аптека, како и паркови за најмалите. Пазарен ден е четврток. Долга, песочна плажа е поделена со мало пристаниште, а скоро 30 м од плажата длабочината на водата е само 1 м, па децата без страв можат да се играат во плиткото. Вториот дел од плажата е опкружен со платаните, со кафетрии а чадорите и лежалките се бесплатни за користење со нарачување на пијалок. Во близина на овие две плажи има и други, убави плажи.  Препорачуваме да се качите на видиковец над местото, каде е ресторанот од каде се протега фантастичен поглед на залив.  По патот ќе поминете покрај две православни цркви. Во местото сообраќа и вовче, кое туристите ги носи до стариот дел на местото. Во локалните туристички агенции можете да уплатите и излети до Св. Гора, Тасос, Метеори, Солун… На крајот на јули во местото се одржува фестивал со бројните културно – забавни содржини. Во близина се пештерата Алистратис, гробот на  Ифестион – најголемиот војсководец на Александар, островот Кафкана, островот Амуљани, Стагира – Родното место на Аристотел и плажите Proti amoudia, Zoungla, Balkonaki, Babilon, Totos beach…  

ПОНУДА НА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ – ЛЕТО 2020

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ
EVA

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

ЛЕТО 2020

ПОВЕЌЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel