ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА - ЛЕТО 2023

Чартер програма од Белград

Палма де Мајорка


Мајорка, бисерот на Балеарите – островот на несекојдневната убавина, преубавите ували на истокот и егзотичните плажи на југот и северот. Најголемо шпанско острово. Го красат  бистро море, преубави песочни плажи, скриени лагуни, борова шума, палми, но и планински венци и сета таа убавина на едно место.

 

Мајорка со својата понуда ќе ги задоволи најсофистицираните вкусови и потреби. Ќе сфатите дека оваа дестинација е една од ретките која нема маана. Она по што сигурно ќе ја запомните, се плажите. Каде и да тргнете ќе ве дочекаат одлично уредени плажи. Во еден ден  можете да се искапите во повеќе ували, со оглед на кусите дистанци. Попознати се: Cala Esmeralda, Cala Sa Nau, Cala Murada, сите во областа Cala Ferera… Сигурни сме дека летување на Мајорка, ќе ви остане во спомените како едно од најубаво поминати одмори!

 

НИКАКО НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ДА ПОСЕТИТЕ

Град Палма

 

Главниот град Палма е монденски, префинет, забрзан. Градот над кој доминира импозантната готска катедрала. Не пропуштајте преку ден да прошетате по преубавото пристаниште, а навечер да посетите некој коктел бар долж брегот на Палма.

 

* Заливи на Мајорка

 

Малечки заливи вовлечени долж целиот источен брег на островот, ви нудат единствена прилика секој ден да се капите на друга плажа. Ви ги препорачуваме: Cala Major, Cala Esmeralda, Cala Sa Nau, Cala Ratjada…изборот е голем…

 

Marineland

 

Покрај самиот брег на Палма Нова, се наоѓа Marineland. Уживајте во претставите со делфини, морските лавови, папагали…Одлична забава за сите генерации.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel