КОСТА АЗАР - ЛЕТО 2020

Чартер програма од Софија

COSTA AZAAR


Costa Azaar е туристичката зона на шпанската провинција Кастиљон. Се наоѓа северно од Валенсија, со крајбрежјето долго 120 км, на брегот на Средоземното Море . Името го добила по шпанскиот збор „azahar“  што е во превод цветот на портокал, а се должи на многубројните градини со портокали, помеѓу градот Валенија и делтата на реката Ебро.

Некој од најпознатите резорти во регијата се Пењискола, Оропеса дел Мар, Беникасим и Монкофар. Регионот изобилува со прекрасни, широки, песочни плажи, но исто така е богат и со историски и споменици на култура.

НИКАКО НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ДА ПОСЕТИТЕ

ПЕЊИСКОЛА

Град Пењискола, често именуван како „Гибралтар на Валенсија“, а мештаните го нарекуваат „Градот во морето“,  е утврдено морско пристаниште, со светилник, изградено на карпа висока 67 м и со тесен премин поврзано со копното. Историјата на Пењискола започнува уште во времето на Иберијците, подоцна го завземаат Финикијците и му даваат име Tyreche. По нив станува грчки под името Chersonesos (што значи “полуостров”), за потоа да го освојат Картагени. Легендата кажува, дека тоа е местото каде што Ханибал го натерал својот син да положи заклетва, дека никогаш нема да биде пријател на Рим. Денешниот изглед на замокот е изграден од витези темплари помеѓу 1294 и 1307 г. Тука живеал и Бенедикт од 1417 г. до својата смрт 1423 г. Замокот е поново изграден во 1960 г., кога е делумно снимен филмот на Антони Ман El Cid. Градот Пењискола има широко распространети медитерански плажи и стар град, опкружен со  средновековни ѕидини на тврдината. Улици со калдрма поминуваат покрај музеи, ресторани и бели куќи во шпански стил.

ТАРАГОНА

·Тарагона е едно од најдобро сочувани археолошки локалитети во Шпанија, од римско време, под заштита на УНЕСКО. Ѓаволски мост – аквадукт со височина од 26 метри и должина од 217 метри, грандиозен пример за напредокот на Римското инженерство; остатоци од Римската цивилизација, ѕидини од градот; Римски форум, остатоци од Амфитеатарот од ІІ век.

ВАЛЕНСИЈА

Валенсија – третиот по големина шпански град, комбинација на медитеранска и шпанско-арапска традиција. Архитектонско-културниот комплекс Град на Изкуствата и Науките, дело на архитектот Сантјаго Калатрава, Л’Емисферик, Музеј на науките, Опера, Л’Океанографик (најголемиот аквариум во Европа). Историскиот центар: Арената – една од најголемите во Шпанија, централниот плоштад со градското собрание и Историскиот музеј на градот, свила – ремек-дело на валенсискиот готски стил, под заштита на УНЕСКО, Катедралата изградена помеѓу 1252 г. и 1482 г. над темелите на џамија, каде се чува Светиот Грал, Торес дел Серанс – една од познатите средновековни порти и зградата на валенсиското судство.

*ПЕШТЕРАТА САН ХОЗЕ И КАСТЕЉОН ДЕ ЛА ПЛАНА

Најдолгата пловна подземна река во Европа, која ќе ви дозволи да влезете во длабочините на земјата, да ги видите специфичните форми на скали од сталактити и сталагмити, да ја слушнете тишината и ехото, произведено од капка вода во подземна лагуна, откривајки преубав пејзаж, кој природата го чува како тајна од денешницата. Кастељон де ла Плана, град со 170 000 жители. Плоштадот на Независноста, историското срце на градот – Плоштад Мајор, каде се наоѓаат најпознатите згради на Кастељон – Собранието, Градскиот пазар, Катедралата Дева Марија и камбанаријата Ел Фадри. Најдолгата трговска улица во провинцијата.

 

*МОРЕЈА

Мореја е средновековен град, сместен на брдото, со надморска височина над 1000 м и на 60 км од морскиот брег. Секоја шестта година граѓаните празнуваат Sexenni, комеморација за обновата на градот од чумата во XVII век. Туризмот денес игра важна улога во локалната економија, напоредо со земјоделието. Типичните гастрономски продукти на Мореја се слатките.

 

*САГУНТО

Во 5. век пр.н.е. околу Сагунтум е изградена тврдината од страна на Келтите. Во 219 пр.н.е. градот се поврзува со грчките колонии и Рим против Картагена. Градот бил стратешки одбран поради три причини, поради богатството, поради жителите кои сакале да станат војници и местоположбата, бидејќи бил единствен римски утврден град во близина на Нова Картагена.

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel