Vrahos House - Kalamici

ЛЕТО 2020

Превоз

Автобуски
Сопствен

Оддалеченост од плажа

20 метри

Грција

Халкидики>Ситонија>Каламици

15% ПОПУСТ ЗА СЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 07.12.2019

10% ПОПУСТ ЗА ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА ДО 07.12.2019

Куќа Врахос е лоцирана на самото шеталиште, на прекрасната плажа во Каламици. Сите соби имаат отворен, прекрасен поглед кон море. Веднаш до неа има приватен, затворен паркинг само за гостите. Сите апартмани се четирикреветни и се сместени на вториот кат од куќата. Со големи целосно опремени кујни, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. До куќата има таверни и маркет.

ГАЛЕРИЈА

Напомени и услови:

–       Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.

–       Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума

–       Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

o    За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

o    За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)

o    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

–       Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

–       Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

–       За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

–       При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

–       Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

–       Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

–       Единствено е дозволено сместување на едно дете до неполни 3 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

–       Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени

–       Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

–       Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети.

–       За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

–       Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

–     Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите

–      Не можеме да гарантираме стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

–       Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

–       Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција. 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Провери расположивост

Можеби ќе Ви се допадне

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel