Вилин Град - Ниш

Пролетни патувања

Типот на програма

автобус
Поаѓање од Скопје

Цена од 3.500 ден.

2 дена / 1 ноќевање
услуга ВВ

Србија

Ниш>Пирот>Стара Планина>Нишка Бања>Сокобања

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ХОТЕЛ 3* 3.500 ДЕН

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ХОТЕЛ 4* 4.300 ДЕН

НИШ – РОДНИОТ ГРАД НА РИМСКИОТ ИМПЕРАТОР КОНСТАНТИН, ЗОНА ЗАМФИРОВА, ДУШАН РАДОВИЌ, БРАНКО МИЉКОВИЌ, ГРАД ПОЗНАТ ПО МЕРАКОТ, ПО ЈУНАШТВОТО, ГОСТОПРИМСТВОТО …

 

06.03. – 07.03.2021

автобус / 2 дена – 1 ноќевање

 

Ниш е трет град по големина во Србија, со преку 250 000 жители, по Белград и Нови Сад. Сместен на река Нишава, културен, стопански,  административен, деловен  и универзитетски центар на југоисточна Србија. Од дамнешно време познат како „капија помеѓу истокот и западот„, еден од најстарите градови во Европа, за што сведочат бројните праисториски наоѓалишта, роден град на прочуениот римски император Константин, кој 313та год со Миланскиот едикт го прогласил христијанството за официјална религија на Римското царство. Град, опкружен со величенствените планински масиви: Сува планина, Сврљишките планини и планината Селичевица.

Потеклото на името не е точно утврдено но постои келтска митска приказна дека го добил име Вилин град, бидејќи по честите рушења вилите преку ноќ го обновувале. Како Наисус, прв пат го спомнува Клаудије Птоломеј во средината на II век, како најголем град во Дарданија. Во времето на римскиот цар Константин, Ниш станува силен и важен административен, економски и воен центар (каструм) на Горна Мезија. Низ вековите градот го освојувале разни народи, некои од нив го рушеле, за време на владеење на другите доживувал процут (Хуни, Византијци, Османлии…), но сите оставиле белег… По ослободувањето од Турците почнува да се гради по современи урбанистички планови, доживува културен процут и политички се развива во европски град (прва гимназија, прва банка, железничка пруга, театар, библиотека, ликовна колонија, хидроцентрала….)

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ХОТЕЛ 3* 3.500 ДЕН

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ХОТЕЛ 4* 4.300 ДЕН

 

*Промотивните цени важат за резервација до 05.02.2021

 

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ХОТЕЛ 3* 3.900 ДЕН

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ХОТЕЛ 4* 4.800 ДЕН

 

 

Цената вклучува:

·       превоз со автобус Скопје – Ниш – Скопје, со почитување на сите здравствени протоколи

·       1 ноќевање со појадок во избраниот хотел  во Ниш, во двокреветни соби

·       Пратител на групата за цело време на патување

·       Разглед на Ниш со локален водич (*влезниците за културно – историските споменици не се вклучени во цената- пакет цена околу 3 евра)

·       Организација на аранжманот

 

Цената не вклучува:

·       Факултативна вечера во национален ресторан

·       Факултативна прошетка по Нишка Бања 300 ден по лице (мин. 20 пријавени патници)

·       Индивидуални трошоци

·       Задолжително патничко осигурување

 

 

Услови за хотелот 3* (oколу 1 км оддалечен од центарот на градот):

·       Пакет цена за сместување во 1/1 соба 4.200 денари

·       Пакет цена за трето возрасно лице 3.350 денари

 

Услови за хотелот 4* во строгиот центар на градот:

·       Пакет цена за сместување во 1/1 соба 5.400 денари

НАПОМЕНИ

·       За резервација е потребна уплата од мин 30% од вкупната сума, останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање

·       За факултативна прошетка задолжителна пријава со резервација, плаќање на лице место

·       За реализација на аранжманот потребен е мин. од 30 патника. Во спротивно, во договор со странките цената може да претрпи измена или да се откаже патувањето.

·       Организаторот го задржува правото на откажување на аранжманот 10 дена пред поаѓање.

·       Во случај на затварање на граници или зголемен број на заболени во двете држави, агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот, со напомена дека уплатените средства ќе бидат вратени на странките.

ОПШТИ НАПОМЕНИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот го задржува правото да ја смени цената на патувањето /поради оправдани причини како зголемување на цената на горивото, измени во девизниот курс, недоволен број на пријавените патници и сл./ или да го откаже патувањето најдоцна десет дена пред поаѓање

ПРОГРАМА

1.ден Скопје - Ниш

Состанок на групата на паркингот пред агенцијата во 05:45 ч. Поаѓањето е предвидено во 06:00 ч. Патување преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Ниш околу 10:00 ч. По кусиот одмор предвиден за појадок и кафе пауза, започнува разглед на најбитните знаменитости на градот во придружба со локален водич. Започнуваме со комплексот Медиана (доколку е отворен), Ќеле Кула, логорот 12. Февруари и завршуваме со најпознатиот белег на градот, Тврдината. Следува слободно време за индивидуална прошетка. Состанок на однапред договорено време во 18 ч. Сместување во хотел. Време за одмор. Можност за организирана вечера во некој од националните ресторани со жива музика, доколку тоа го дозволуваат здравствените протоколи. Ноќевање.

2. ден - Ниш - Скопје

По појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности до поаѓање за Скопје /можност за посета на некој од шопинг центрите, во договор со групата или факултативна прошетка по Нишка Бања/. Заминување за Скопје во попладневните часови. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во раните вечерни часови. Крај на програмата.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Smeraldo – Nea Vrasna, Strimonikos

Hotel Toroni Blue Sea **** – Toroni

Aparthotel Anna’s Lux – Pefki, Evia

Gouves Bay Hotel **** – Gouves

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel