Вилин Град - Ниш

Есенски патувања

Типот на програма

автобус
Поаѓање од Скопје

Цена

3 дена / 2 ноќевања
услуга ВВ

Србија

Ниш>Пирот>Стара Планина>Нишка Бања>Сокобања

НИШ – РОДНИОТ ГРАД НА РИМСКИОТ ИМПЕРАТОР КОНСТАНТИН, ЗОНА ЗАМФИРОВА, ДУШАН РАДОВИЌ, БРАНКО МИЉКОВИЌ, ГРАД ПОЗНАТ ПО МЕРАКОТ, ПО ЈУНАШТВОТО, ГОСТОПРИМСТВОТО …

 

23.10. – 25.10.2020

автобус / 3 дена – 2 ноќевања

 

Ниш е трет град по големина во Србија, со преку 250 000 жители, по Белград и Нови Сад. Сместен на река Нишава, културен, стопански,  административен, деловен  и универзитетски центар на југоисточна Србија. Од дамнешно време познат како „капија помеѓу истокот и западот„, еден од најстарите градови во Европа, за што сведочат бројните праисториски наоѓалишта, роден град на прочуениот римски император Константин, кој 313та год со Миланскиот едикт го прогласил христијанството за официјална религија на Римското царство. Град, опкружен со величенствените планински масиви: Сува планина, Сврљишките планини и планината Селичевица.

Потеклото на името не е точно утврдено но постои келтска митска приказна дека го добил име Вилин град, бидејќи по честите рушења вилите преку ноќ го обновувале. Како Наисус, прв пат го спомнува Клаудије Птоломеј во средината на II век, како најголем град во Дарданија. Во времето на римскиот цар Константин, Ниш станува силен и важен административен, економски и воен центар (каструм) на Горна Мезија. Низ вековите градот го освојувале разни народи, некои од нив го рушеле, за време на владеење на другите доживувал процут (Хуни, Византијци, Османлии…), но сите оставиле белег… По ослободувањето од Турците почнува да се гради по современи урбанистички планови, доживува културен процут и политички се развива во европски град (прва гимназија, прва банка, железничка пруга, театар, библиотека, ликовна колонија, хидроцентрала….)

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ЦЕНА       ДЕН ПО ЛИЦЕ

Плаќање вирмански или во готово

 

Плаќање со платежна картичка /Виза, Мастер, Американ/

 

Цената вклучува:

· Превоз со автобус Скопје – Ниш – Скопје, со почитување на сите здравствени протоколи

· 2 ноќевања со појадок во хотел 4* во строгиот центар на Ниш, во двокреветни соби

· Пратител на групата за цело време на патување

· Разглед на Ниш со локален водич со вклучени влезници

· Организација на аранжманот

· Такса за престој

 

Цената не вклучува:

· Факултативен излет Пирот и Стара Планина со посета на три манастири и посета на Нишка Бања –  по лице за мин. 20 пријавени лица (*влезниците за културно – историските споменици не се вклучени во цената)

· Факултативна посета на Сокобања и црквата Св. Тројица –  по лице за мин. 20 пријавени лица (*влезниците за културно – историските споменици не се вклучени во цената- влезница за Соко Терме е околу …)

· Факултативна вечера во национален ресторан

· ПЦР тест 

· Индивидуални трошоци

· Задолжително патничко осигурување без франшиза

 

Услови:

·  Доплата за 1/1 соба … денари

·  Трето возрасно лице во 1/2 соба /на помошно легло/ … денари – на барање

·  Деца до 2 год бесплатно, немаат седиште во автобусот

·  Дете од 2 – 6 год … ден /имаат седиште во автобус, немаат легло во хотелот/

·  Дете од 6 – 12 год … ден /имаат помошно легло во хотелот/

·  За резервација е потребна уплата од мин 30% од вкупната сума, останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање

·  За сите факултативни излети задолжителна пријава со резервација, плаќање на лице место

·  Организаторот го задржува правото на откажување на програмата 7 дена пред поаѓање.

ОПШТИ НАПОМЕНИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот го задржува правото да ја смени цената на патувањето /поради оправдани причини како зголемување на цената на горивото, измени во девизниот курс, недоволен број на пријавените патници и сл./ или да го откаже патувањето најдоцна седум дена пред поаѓање

ПРОГРАМА

1.ден Скопје - Ниш

Состанок на групата на паркингот пред агенцијата во 05:45 ч. Поаѓањето е предвидено во 06:00 ч. Патување преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Ниш околу 10:00 ч. По кусиот одмор предвиден за појадок и кафе пауза, започнува разглед на најбитните знаменитости на градот во придружба со локален водич. Започнуваме со комплексот Медиана (доколку се отвори), Ќеле Кула, логорот 12. Февруари и завршуваме со најпознатиот белег на градот, Тврдината. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка или одмор. Ноќевање.

2.ден - Ниш /Пирот, Стара Планина, Нишка Бања/

По појадокот време за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Пирот и Стара Планина со локален водич. Поаѓање во 09:30 ч пред хотелот. Патување низ Сиќевачка Клисура до Пирот. Кус разглед на градот, посета на градскиот музеј, каде што е сниман филмот Зона Замфирова. Градот е познат и по производство на уникатните ткаени ќилими, единствено училиште за познатиот пиротски кашкавал, Момчилова тврдина… Недалеку од градот, по долината на реката Јерма, во преубавата природа се и манастирите Суково од 19ти век и Поганово од 14ти век, кои ќе ги посетиме. Продолжуваме кон подножјето на Стара Планина и округот Темска, каде што се наоѓа манастирот посветен на Св. Петка од 14ти век, каде што ќе имате можност да се снабдите со мелемите кои ги произведуваат монахињите. Рано попладне поаѓање за Ниш со попатна пауза во Нишка Бања и краток разглед. Пристигнување во хотел. По кусиот одмор можност за посета на некој од националните ресторани, можност да се вкусат специјалитетите на овој крај, по што е особено познат Ниш. Време за одмор. Ноќевање.

3.ден - Ниш - /Сокобања/ - Скопје

По појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности до поаѓање за Скопје или можност за факултативен излет до Сокобања со локален водич. Попатна посета на руската црква Св. Тројица подигната во чест на рускиот полковник Никола Рајевски (познат како полковник Вронски од книгата на Лав Николајевич Толстој, Ана Карењина), загинат како руски доброволец во војната против турците 1876та година. Продолжуваме кон воздушната бања. По кусиот разглед по шеталиштето на Сокобања, можност за посета на Соко Терме или едноставно уживање со добар ручек. Враќање во Ниш, поздравување со водичот, собир со останатиот дел од групата и заминување за Скопје. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во раните вечерни часови. Крај на програмата.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel