Су Хотелот е лоциран на самиот брег од Охридското езеро, па нуди спектакуларен поглед на стариот град и познатите историски локалитети, како Самуиловата Тврдина и црквата Св. Јован Канео. Неговата идеална позиција, која е на само 10 минути оддалечена пешки од центарот, е одлична стартна позиција за истражување на Охрид.
Хотелот нуди 4 типа на сместувачки капацитети: Двокреветни стандард соби, Супериор соби и во новото крило смарт соби и апартмани. Сите се опремени со кабловска ТВ, интернет, телефон, клима уред, мини бар, фен, сет за кафе и чај, а во новото смарт крило и со сеф. На барање е достапно и бебешко креветче, полнач за телефон, пегла.
Хотелот нуди: бесплатен паркинг, собна услуга, конференциска сала, ресторан и бар.
Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.
© Copyright Art of Travel