Шри Ланка / 5 ноќевања + 6 ноќевања одмор и плажа

Авионски од Софија / 11 ноќевања - полупансион

Превоз

Авионски

Цена од 1680 еур

11 НВ

Шри Ланка

ШРИ ЛАНКА – КРУЖНА ТУРА + ОДМОР

 

Авионски со поаѓање од Софија

 

Шри Ланка има два монсунски периода (од мај до јули и од октомври до јануари). Но на југот од островот падне многу малку дожд во периодот од октомври до април, a температурите се движат околу 30 степени целзијусови. Од сите месеци, декември е можеби идеален за посета. Шри Ланка нуди мешавина на британското и португалското колонијално наследство, како и убави плажи, и многу знаменитости.

Земја, која што освен егзотични плажи нуди и бројни културно-историски атракции, a Ви препорачуваме да ја посетите, пре него ја расипе масовниот туризам, сликата на сеуште релативно  неоткриениот драг камен на Азија.

Неколку совети:

  • Задолжително покрај костум за капење понесете и нешто поскромна облека која ќе Ви ги покрие рамената и колената доколку сакате да  ги посетите некои од светите места.
  • На Шри Ланка ретко се наоѓа западна кујна и тоа во поскапите ресторани. Затоа Ви предлагаме да се препустите на локалната кујна. Благодарејќи на многубројните зачини по кои е познато ова острово (кардамом, цимет, каранфилче, куркума…) вкусот на храната е ароматичен. Популарните јадења воглавно содржат леќа, ориз, бамија, лотусов корен, а најзастапено јадење е кари во разноразни варијанти
  • Покрај плажи и историски локалитети, задолжително посетете ги националните паркови, кои се дом на леопардите, слоновите, крокодилите и пауновите. Национален парк Yala е најпознат и најпосетен, но доколку не сакате гужва препораката е национален парк Gal Oya.
  • За љубителите на сувенири, Шри Ланка претставува вистински рај. Зачини, локални ракотворби, прочуениот цејлонски чај, ткаенини со автентични шари…

Термини на поаѓање: 06.01.2024, 17.01.2024, 28.01.2024, 08.02.2024, 19.02.2024, 01.03.2024

Цената се движи од 1680 еур по лице во двокреветна соба за пакет аранжман!

 

ПРОГРАМА:

1 ден: Софија – Матала

Состанок на аеродромот во Софија. Директен чартер лет до аеродромот Матала.

 

Ден 2 – Матала – Тисамахара – Парк Јала

Пристигнување на меѓународниот аеродром Матала. Состанок и помош при пристигнувањето на аеродромот од локалниот тур-оператор. Трансфер до хотелот во Јала (приближно 40 мин. возење до хотелот.)
Сместување во хотел.

Вечерта сафари со џип во Националниот парк Јала, со доплата за влез
Националниот парк Јала има површина од 1.259 квадратни километри и е создаден во 1938. година, а првично бил резерват за стрелачки спортисти. Тоа е најпознатиот и добро развиен национален парк каде што можат да се набљудуваат широк спектар на диви животни и птици. Дивите животни вклучуваат стада слонови со различна големина, леопарди, диви свињи, диви биволи, крокодили и пауни, шакали, мечки и други животни.

Разновидноста на птиците се состои од околу 130 видови, вклучувајќи резидентни и преселни видови. Индиски штркови, рајски ловец на муви, сива чапја, орел змијар, белоопашест орел, црновратен штрк, лопатарки и пеликани даваат боја на животот на птиците во паркот. (Приближно 2-3 часа за посета).
Вечера и ноќевање во областа Јала.

 

Ден 3 – Тисамахара – Ела – Нувара Елија

По појадокот се упатуваме кон Ела – мал град во областа Бадула во провинцијата Ува, Шри Ланка, управуван од градски совет. Се наоѓа на околу 200 километри источно од Коломбо и се наоѓа на надморска височина од 1.041 метри. Областа е богата со биодиверзитет, густа со бројни врсти на флора и фауна. Ела е опкружена со ридови покриени со облачни шуми и плантажи со чај. Градот има поладна клима од околните низини поради својата надморска височина. Ела Гап овозможува поглед на јужните рамнини на Шри Ланка. Потоа продолжуваме до Нувара Елија. (приближно 2 часа) – мал колонијален град изграден од Британците, на 230 километри од Коломбо, во централниот дел на Шри Ланка, кој се наоѓа на надморска височина од 1884 м. Омилено место за туристите кои се уморни од жештината и ја сакаат свежината и живописните пејзажи на планините и плантажите со чај. Во 1826. година, британските офицери случајно наишле на рамнините на Нувара Елија, а сер Едвард Барнс ги истражувал. Во 1828 година бил изграден пат преку гребенот, кај преминот Рамбода и било основано место за закрепнување на војниците. Сер Семјуел Бејкер е тој, кој маѓепсан од Нувара Елија, донел песови, коњи и говеда и основал типична англиска фарма овде. Од Англија биле донесени и засадени цвеќиња и зеленчук. Денес главната атракција на Нувара Елија, се огромните плантажи и фабрики за чај лоцирани во самиот центар на островот Шри Ланка (Цејлон). Нувара Елија е највисоката област за одгледување чај во светот. Насади со неверојатна големина се наоѓаат на надморска височина од повеќе од 2.500 метри надморска височина. Тоа го докажува самото име Navarre Elia, што во превод значи „над облаците“ или „град на светлината“ во близина на сонцето.. Овде чајните грмушки се опкружени со високи дрвја од еукалиптуси, величествени чемпреси и ливади на кои расте нане. Благодарение на ова, пијалокот добива посебни, уникатни вкусови. Чајот се одгледува овде повеќе од 150 години и во текот на цело ова време неговиот квалитет останал на највисоко ниво. Вечера и ноќевање во областа Нувара Елија.

 

Ден 4 – Нувара Елија – плантажа за чај – Канди

Појадок во хотел. Поаѓање за Канди со куса пауза на плантажа за чај.
Канди е место на светско наследство, вториот по големина град во земјата и последниот кралски главен град на кралот Шри Викрама Раџасинге – пред да биде ставен под британска власт во 1815. година. Се смета за најважното будистичко светилиште во земјата. Тука се наоѓа и Храмот на забот на Буда. Според легендата, кучешкиот заб на Буда бил спасен од погребна клада во Индија во 543 п.н.е. и тајно пренесен во Шри Ланка некаде околу 4. век од нашата ера, во косата на непозната принцеза. Се верува дека кој го поседува забот има божествено право да владее со оваа земја. Нашата програма вклучува обиколка на Канди, вклучувајќи посета на Светиот храм на забната реликвија, посета на градот Канди – чаршија, уметност и занаетчиски центар, музеј на скапоцени камења и лапидариум, како и вечерна културна танцова претстава – традиционална музика и тапани Продолжуваме до хотелот на вечера и ноќевање.

 

Ден 5 – Канди-Матала-Дамбула

По појадокот продолжуваме кон Дамбула преку Матале, за посета на фарма за зачини.
Матале добива на популарност поради изобилството на земјоделско земјиште засадено со зачини – каранфилче, кари, морско оревче, кардамон
Дамбула е најголемиот и најдобро зачуваниот комплекс на пештерски храмови во Шри Ланка. Карпата се издига 160 m над околните рамнини. Во околината има повеќе од 80 откриени пештери. Главните атракции се наоѓаат во пет пештери кои содржат статуи и слики. Овие слики и статуи се поврзани со Гаутама Буда и неговиот живот. Има вкупно 153 статуи на Буда, три статуи на кралеви од Шри Ланка и четири статуи на богови и божици. Последните вклучуваат Вишну и Ганеша. Муралите зафаќаат површина од 2.100 квадратни метри. Сликите на ѕидовите на пештерите го вклучуваат искушението од демонот Мара и првата проповед на Буда. Вечера и ноќевање во областа Дамбула.

 

Ден 6 – Дамбула – Сигирија-Хиривадуна – Дамбула

Појадок во хотел и поаѓање кон комплексот Сигирија. Сигирија значи „Лавовски скали“, која се издига во централните делови на округот Мател. Според историските податоци, карпата била населена со луѓе во античко време. Во 5. век пред нашата ера, таму почнале да се издигаат планински манастири, вкрстени со бројни тунели и пештери. Сите тие служеле како сигурно скривалиште за нивните жители.Изградбата на тврдините сместени на најгорните делови на карпата се одвивала за време на владеењето на кралот патрицид Касап (477-495). Според историските извори на Шри Ланка, кралот Дарусен бил жив заѕидан од неговиот син Касап, кој го узурпирал тронот што му припаѓал на другиот син на кралот, Могалан. За да ја избегне сигурната смрт, Могалан побегнал во Индија, каде што почнал да собира војска против својот предавнички брат. Касап се исплашил и затоа изградил палата со тврдина високо на планината Сигирија. Наскоро Могалан му објавил војна на Касап и откако обезбедил победа, го вратил статусот на карпата како манастирски комплекс. На крајот, карпата не успеа да го спаси својот крал, но успеа да ја зачува античката синхалска култура. До врвот на Сигирија се стигнува со тесно скалило кое минувало помеѓу шепите, телото и главата на огромен лав врежан во карпата, од кои до денес се сочувани само шепите. На врвот имало рамна тераса од 20 хектари, во чива средина стоела прекрасна палата со раскошни градини и базени, сите обложени со мермер и украсени со накит. Интересен е „Ѕидот со огледалата“ . Не е утврдено кои се лицата од фреските и од каде потекнуваат. Познато е дека постоеле само 500 портрети, од кои денес можат да се видат само 18. Тие потекнуваат од 8-ми и 10-ти век од нашата ера, на кои се претставени дами од дворот на кралот Касап. Други прикажани фигури вклучуваат богови, божици и други небесни суштества. Продолжуваме до село Хиривадуна каде ќе уживаме во возење во воловска кола, возење со брод и лекција за готвење. Враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

 

Ден 7 – Дамбула – Пинавала – Коломбо – брегот Калутара

По појадокот продолжуваме кон Коломбо, попатно посетуваме сиропиталиште за слонови во Пинавала.
Основано во 1975. година за сместување на напуштени и повредени слонови, ова засолниште денес стана едно големо семејство на бебиња слонови донесени од различни делови, како и бебиња родени како резултат на програмата за размножување. Уникатно искуство кое никогаш не треба да го пропуштите-набљудувате нивниот секојдневен ритам на јадење и „капење“. 

Продолжуваме кон главниот град Коломбо – некогаш мал пристанишен град, развиен по доаѓањето на Португалците во 16. век, во голем трговски и деловен центар. За време на обиколката на градот ќе ги посетиме остатоците од колонијалната архитектура, поранешниот британски административен центар и воен гарнизон, крајбрежна морска улица – областа на златарите и пазарот, со остатоци од хинду храм со сложени камени резби и холандска црква, која датира од 1749. година. Ќе го посетиме и меѓународниот конгресен центар Бандаранаике, репликата од Авукана Буда и Плоштадот на независноста. Продолжуваме до брегот, за сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

Ден 8 – Плажа или дополнителна екскурзија

Појадок. Слободен ден за плажа или дополнителна екскурзија. Вечера. Ноќевање. *Посета на холандската тврдина во Гале, возење со брод по реката Маду и посета на фарма за желки.

 

Ден 9 – Плажа

Појадок Слободен ден за на плажа. Вечера. Ноќевање.

 

Ден 10 – Плажа или дополнителна екскурзија

Појадок. Слободен ден за плажа или дополнителна екскурзија. Вечера. Ноќевање. *Набљудување на китови. Сините китови, кои достигнуваат должина до 30 m и тежат 120 тони, се најголемите и најретките цицачи на земјата. А едно од најдобрите места во светот за нивно набљудување е Шри Ланка.
Рано наутро го напуштаме хотелот и се упатуваме кон пристаништето каде што ќе се качиме на брод за крстарење и ќе се упатиме кон местата за набљудување на китови на 3-4 часовна авантура среде Индискиот Океан. По крстарењето со брод ќе бидеме однесени во хотелот Nature trails во Унаватуна каде ќе уживаме во вкусниот ручек. Во раните попладневни часови не очекува враќање назад во хотелот.

 

Ден 11 – Плажа

Појадок Слободен ден за на плажа Вечера Ноќевање.

Ден 12 – Плажа

Појадок Слободен ден за на плажа Вечера Ноќевање.

Ден 13 – Плажа

Појадок Трансфер до Матала и лет за Бугарија Пристигнување во Софија.

 

Во цената е вклучено:
Авионски билет Софија – Матала – Софија;
Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
Трансфери според програмата со луксузен автобус;
1 ноќевање со појадок и вечера во хотел во Јала – Хотел EKHO SAFARI 3* или сличен;
1 ноќевање со појадок и вечера во Нувара Елија – Хотел Oak Ray Summer Hill Breeze 3* или сличен;
1 ноќевање со појадок и вечера во Kandy – Hotel Earl’s Regency / Amaya Hills 4* или сличен;
2 ноќевања со појадок и вечера во Дамбула – Хотел Фреско Вода Вила 4* или сличен;
6 ноќевања со појадок и вечера на приморје – Хотел Турјаа Калутара 4* или сличен;

Ела разглед на градот;
Посета и разглед на градот Нувара Елија;
Посета на плантажа за чај на пат кон Канди;
Посета и обиколка на градот Канди;
Посета на градот Дамбула;
Посета на Сигирија – карпата лав;
Посета и разглед на градот Коломбо;
Посета на сиропиталиштето за слонови Пинавала;
Претставник на тур-оператор за време на целиот престој;
Услуга за туристички водич на лице место на англиски јазик;

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

Во цената не е вклучено:
Препорачани доплати:

Ручеци на програмата – околу 15 долари дневно;
Надомест за користење на професионална камера;
Авантура со китови – 149 еур за возрасен / 77 еур за дете 2-11,99 години;
Целодневна екскурзија во посета на холандската тврдина во Гале, возење со брод по реката Маду и посета на фарма за желки – 34 еур за возрасен / 23 еур за дете од 2-11,99 години;
Дополнителни екскурзии за време на престојот на брегот.

 

Задолжителни доплати:

Влезници на посетените локации – околу 120 долари по лице (предмет на повторна потврда пред поаѓање);
Данок на гориво и издувни гасови – се објавува 21 ден пред летот. Цените се пресметуваат со параметри за млазно гориво од 1.000 УСД/тон по курс од 1 евра = 1 УСД; Доплатата е само доколку има разлика во цена.
Трошоци од лична природа.

 

Распоред на летови (предмет на повторна потврда):

Авио превозник: FLY2SKY

Софија – Матала 20:00 – 09:30 /+1 ден/

Матала – Софија 12:00 – 19:30 часот

Летот има техничка стоп во Шарџа

Услови за резервација:

Депозит од 50% со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!

Доплата 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Арт оф Травел:

До 30 дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 40% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.

 

НАПОМЕНИ

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 120 патници

-Туроператорот го задржува правото да направи промени во редоследот на програмата и распоредот на летови;

-Вкупната цена на пакетот за патување не вклучува такси, плаќања и други дополнителни трошоци кои не можат разумно да се пресметаат пред склучувањето на договорот и можеби ќе треба да ги плати патникот како на пр. туристички такси, градски такси, такси за слетување или такси за одење или спуштање на пристаништата и аеродромите, цената на влезните билети за туристичките места, музеите, бродовите, траектите, користењето на јавен превоз за некои градови, пијалоците што се конзумираат во автобусите или авиони итн.

-Пасошот треба да е валиден мин. 6 месеци од денот на враќање

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

Hotel KAANI PALM BEACH **** – Maafushi, Maldivi

Hotel LESSE **** – Hanioti, Kassandra

ATINA – Jerisos, Atos

AMMON ZEUS Hotel **** – Kalithea, Kassandra

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright document.write(new Date().getFullYear()); Art of Travel