Hotel Scardus **** - Popova Sapka

ЗИМА 2020 / 2021

УСЛУГА

НВ

Локација

Македонија

Попова Шапка

Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа, свежината на летото нудат прекрасен и релаксирачки одмор. Хотелот е со 4 sвезди и нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание е посветено на испреплетеноста на модерното и традиционалното. Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни и апартмани, како и 2 ВИП апартмани опремени со сауна. Посебно внимание е посветено на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус. Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање. Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци. Покрај скијањето на патеките, Хотелот Скардус организира и FREE RIDE SKIIN (скијање надвор од патеките), каде скијачите се качуваат со Ратрак на најубавите делови на Шар Планина. Капацитетот на Ратракот е 15-20 лица и се користи и за рекреативни прошетки за уживање во импресивната зимска убавина на Шар Планина. Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) до најубавите места на Шар Планина. Почетната точка на поаѓање е хотел Скардус, која се наоѓа на надморска височина 1500м.

* Јелак – 1700м надморска височина – 40 минути пешачење
* Лешница – 2160м надморска височина – 4 часа пешачење
* Титов Врв – 2749м надморска височина – 7 часа пешачење
* Црното езеро: 2150м надморска височина – 6-7 часа пешачење
* Боговињско Езеро – 1900м надморска височина – 5 часа пешачење
* Бело езеро – 2250м надморска височина – 6 часа пешачење

Попова Шапка нуди разновидни активности во текот на целата година и претставува рајско засолниште за лубителите на природата и планинските спортови.

СЛИКИ И УСЛОВИ

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање за месец октомври и вклучуваат:

  • Појадок и вечера
  • Користење на базени и СПА центар
  • Интернет
  • Паркинг

Деца до неполни 4 год. со 2 возрасни – бесплатно

Деца од 4-12 год. на доп.легло – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Барање за резервација

Можеби ќе Ви се допадне

LARA S apartmani *** – Dobre Vode, Barska Rivijera

Hotel LION **** – Bansko

ISI – Potidea, Kassandra

Apart-Hotel ROYAL PARK & SPA **** – Bansko

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright Art of Travel