Кападокија - 29. април

Кападокија

Типот на програма

Авион
Услуга 4НВ

Цена 399 еур

4 НВ / Хотел 5*

Турција

Кападокија

ФАСЦИНАНТНА КАПАДОКИЈА

ЦЕНА 399 ЕУР

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во источниот дел на Анадолија, односно во источниот дел на Турција, меѓу градовите Невшехир, Арванос и Угруп.
Овој мистичен крај, кој ќе ве маѓепса со својата необична убавина, со векови служел како засолниште на христијаните. Во праисториските периоди првите човечки населби биле изградени под земја, во вулкански карпи, поради заштита од дивите животни. Има и тврдења дека дури и апостолите тука барале засолниште. Тука ќе ве одушеви релјефот со своите егзотични облици, додека под земјата се крие вистинско богатство од скриени цркви, куќи со живописни материјали и древни, вредни икони. 
Тука природата како да си поиграла со боите и облиците, па човек не знае од каде да почне со разгледување. Секој дел од Кападокија е интересен на свој начин, а облиците како да се излезени од некој луд дизајнерски сон. Кога ќе дојдете тука ќе ви стане јасно зошто оваа област била избрана прва за снимање дел до трилогијата „Војна на ѕвездите“.
Веројатно највпечатливи се самовилските оџаци од камен и подземните градови, издлабени во вулкански карпи. Има цели хотели каде што туристите можат и да преспијат во соба од камен, со шарени килими, а достапно ќе ви биде и наргиле со јаболко. Не пропуштајте да го посетите и музејот на отворено или комплексот на пештерски цркви, од кои најпозната е темната црква. Долго била затрупана и гулабите ја користеле за засолниште, а денес нејзината внатрешност е расчистена и пред вашите очи ќе блеснат некои од најубавите фрески од раниот христијански период.
Секако не смеете да не ги посетите подземните градови, а најпознати се Кајмакли и Деринкују, кои можеле да примат меѓу 35 и 50 илјади луѓе под земја, каде што имало сѐ што било неопходно за живот, па дури и капели, винарници, преси за масло, воденички камења. Во Деринкују има 11 нивоа под земја, со вентилација и извори со вода, а секое ниво можело да се затвори и да функционира посебно. Тука е и помалку познатиот град Озконак, кој имал уште поразвиени системи за водоснабдување и вентилација и отишол чекор понапред во подземните градби.
Еден од најдобрите начини да ја обиколите Кападокија е со воздушни балони, што чини околу 150 евра, кога ќе откриете дека погледот од птичја перспектива е восхитувачки. Областа Кападокија е вклучена во списокот на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

 

Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, е почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука, најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено со автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани, пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели, со извонредни фрески 0д 9-11ти век. Најголем монашки центар во период од 300-1200та год…. со еден збор, наша најтопла препорака за сместување во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa, денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грнчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето воопшто не потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточено градче во централна Кападокија. За време на владеењето на турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19ти век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножјето на “Брдото на желбите”, се уште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓаат и Селџучки гробишта од 11ти век. Оддалечен 10 км од Ѓореме. Има 18.000 жители. Во центарот на градчето се  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало анадолско градче со мал амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar) – “Три тврдини”: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена но, штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релјефна декорација, претворени во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред господ да го прекине човечкото карање и подели различни јазици. Учхисар е над Ѓореме, со околу 4.000 жители

 

Невшехир: Некогашeн Neopolis и Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански карпи, во кои некогаш се живеело. Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од римјаните. Еден период под бизантиците, па римјаните, турците Селџуци, и од 15ти век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива големиот везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина, а и пониската цена. Оддалечен 15 км од Ѓореме.

ВЕЛИГДЕН ВО КАПАДОКИЈА

29.04.2021 – 03.05.2021

Цена на аранжманот: 24.740,00 денари (399€) 

ПОГЛЕДНИ ДЕТАЛИ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

· Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Кајсери – Истанбул – Скопје со Turkish airlines

· Аеродромски такси

· Чекиран багаж до 30кг.

· Рачен багаж до 8кг.

· Трансфер аеродром – хотел – аеродром

· Сместување во DINLER HOTEL 5* во Urgup http://urgup.dinler.com/ на база 4 полу пансиони (појадок и вечера)

· Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

v Целодневен излет “Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) – 50€ (3.100 мкд) * задолжително пријавување во агенција*

v Целодневен излет “Срцето на Кападокија” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) – 50€ (3.100 мкд) * задолжително пријавување во агенција*

v Факултативен излет с. Мустафапаша и манастирот Кершик со вклучен ручек (без пијалок) 45€ (2.790 мкд) * задолжително пријавување во агенција*

v Јавање коњи (1 час) – 35€ (2.170 мкд) * задолжително пријавување во агенција*

v Шоу програма танц на дервишите /церемонија (трансвер-Dervish sema ceremonija) – 30€ (1.860 мкд)  * задолжително пријавување во агенција*

v Лет со балон – во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме непосредно пред патувањето.) Цена од 110€ – 160€.

v Доплата за еднокреветна соба 4.340 ден.

НАПОМЕНИ:

o За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.

o Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

o За овој аранжман важат Општите услови за патување на организаторот. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми). Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

ПРОГРАМА

29.04. четврток Скопје – Истанбул – Кајсери

Состанок на групата во 06:00 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Истанбул во 08:55 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:30 часот. Летот за Кајсери е во 18:35 часот. Во Кајсери слетувањето е во 19:50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување во хотел, слободна вечер за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

30.04. петок “Срцето на Кападокија„

Појадок. По појадокот Ве водиме во срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот од 10-12. век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со живописни бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци и панорамско фотографирање на Црвената долина. Враќање во хотел. Вечерта, факултативно можност да се види танцот на Дервишите, традиционално танцување со кое Дервишите, кои инаку водат аскетски живот, паѓаат во транс, вртејќи се, и молејќи се за добрина и среќа. Нешто што навистина мора да се види и секако нема да ве остави рамнодушни. Вечера. Ноќевање.

01.05. сабота “Голема мистична тура„ – Лет со балон

Рано наутро околу 04:30 часот можност за факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, доживување (доколку дозволуваат условите согласно напомената подолу). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел.

Појадок. По појадокот, следи целодневен факултативен излет – голема тура: подземниот град Кајмакли издлабен во вулкански камен во VII век пред н.е. еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата. По посетата на Кајмакли, се продолжува со посета и прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Прошетката низ долината продолжува кон манастирот Селиме кој потекнува од VIII век со попатна пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Попатно посета на фабриката за Оникс, каде ќе може да се види како овој полудраг камен се обработува. Враќање во хотел. Вечера. Време за одмор и слободни активности. Ноќевање.

02.05. недела Ѓореме - Мустафапаша - манастир Кершик

Појадок. По појадокот следи факултативен излет и посета на Мустафапаша, мала населба, врз чие постоење наназад белег оставиле бројни цивилизации. Во времето на Османлиската империја се нарекувала Синанос и во неа доминантно население биле Грците и Караманлидис (христијани кои го зборувале турскиот јазик), а остатокот од населението биле Турци. Во 1924 год. со договорот помеѓу Грција и Турција за размена на населението Грците и Караманлидис биле заменети со турско населени од Македонија и Костур. Како резултат од таквата размена на народите дел од населението во Мустафапаша во голема мера го разбира и говори македонскиот јазик. Пауза за ручек. Прошетка низ градот и слободно време. Во договорено време разгледот продолжува со посета манастирот Кешлик, изграден во вулканските карпи,туф, уште во времето на Византијците, а се корител се до 1920 год. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време, препорачуваме факултативна можност за јавање на коњи низ мистичната “Земја на убавите коњи”. Вечера. Ноќевање.

03.05. понеделник Кајсери – Истанбул – Скопје

Ран појадок (lunch box). Одјавување од хотел. Tрансфер до аеродромот во Кајсери. Полетување за Истанбул во 09:05 часот (локално време). Слетување во Истанбул во 10:40 часот. Полетување за Скопје во 19:25 часот, слетување во 20:00 часот.

Барање за резервација

МОЖЕБИ ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ

MACEDONIA SKY Apart-Hotel – Hanioti, Kassandra

Margarita – Sivota, Jonski Breg

Art of Travel

  • Лондонска 2/17А Скопје

  • +389 2 305 1905

  • +389 70 27 93 95

  • artoftravel.mk@gmail.com

  • info@artoftravel.mk

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ





Страницата на Art of Travel е од информативен карактер! Се трудиме редовно да ја ажурираме, но постои можност за поинакви информации од моментално објавените. Ве молиме сите цени и описи на објекти да ги проверите директно во агенцијата телефонски, на mail или лично. Ви благодариме на разбирањето.



© Copyright 2018 Art of Travel